Тест на личноста преку рацете

Дали сте знаеле дека постојат најразлични начини за откривање на карактерот? Што ви е потребно за овој тест каде вашите раце откриваат каквa личност сте?

test-na-lichnosta-racete-ve-otkrivaat-01.jpg

Има 4 прашања. Доволно е да прочитате што треба да направите, а на сликата ви е прикажано од прилика што се бара од вас.

1. Склопете ги прстите од рацете како на сликата.

test-na-lichnosta-racete-ve-otkrivaat-02.jpg

Ако палецот од десната рака ви е над палецот од левата рака запишете Д, а ако палецот од левата рака ви е над палецот од десната рака запишете Л.


2.
Нанишанете кон невидлива цел со едно око затворено.

test-na-lichnosta-racete-ve-otkrivaat-03.jpg

Ако го затворивте левото око напишете Д, ако го затворивте десното око напишете Л.


3. Прекрстете ги рацете на градите.

test-na-lichnosta-racete-ve-otkrivaat-04.jpg

Ако левата рака ви е над десната запишете Л, ако е обратно запишете Д.


4. Плескајте со рацете.

test-na-lichnosta-racete-ve-otkrivaat-05.jpg

Ако левата рака ви е поактивна запишете Л, ако десната е поактивна запишете Д.

Решение: Проверете каква личност сте според добиената комбинација од вашите одговори

ДДДД – Конзервативна личност, стереотипна, не сака расправии и додворување.
ДДДЛ – Неодлучна личност, емотивна и опседната со туѓото мислење.
ДДЛД – Комуникативна личност, одлучна, со смисла за хумор и уметност.
ДДЛЛ – Ретка комбинација. Мека личност, комуникативна, отворена.
ДЛДД – Комбинација од памет и убавина. Тешко стекнуваат навики, тешки за комуникција, толерантна и по малку ладна личност.
ДЛДЛ – Ретка комбинација. Беспомошна личност која потпаѓа под туѓо влијание.
ЛДДД – Емотивност, недостиг на жилавост и упорност кога се во прашање важни работи, добро се прилагодува на туѓи влијанија.
ЛДДЛ – Мек карактер, наивна личност. Премногу искрена и отворена за комуникација.
ЛЛДД – Наклонетост и едноставност. Свртени кон себе и по малку дволични.
ЛЛДЛ – Рамнодушност, добрина, наивност ја карактеризираат оваа личност.
ЛЛЛД – Емоционалност,енергичност и решителност. Вредни и упорни личности.
ЛЛЛЛ – Антиконзервативна личност. Способност да ги согледа работите какви што се. Емотивна личност со вроден индивидуализам, егоизам, тврдоглавост.
ЛДЛД – Многу силен карактер. Невозможно е да ја промени својата точка на гледиште, енергичност, упорност во постигнување на своите цели.
ЛДЛЛ – Склони кон самоанализа. Потешкотии во создавање пријателтва. Наивни.
ДЛЛД – Способни да избегнуваат конфликти, комуникативни. Често го менуваат мислењето и хобито.
ДЛЛЛ – Независни личности кои сакаат се да направат сами. Упорни, понекогаш и тврдоглави.

Би можело да ве интересира:

Тест на личноста: Изберете една куќа и дознајте зошто не сте среќни Што ве кочи на патот до среќата? Која е таа една карактеристика која треба да ја...
Визуелен предизвик: Пронајдете го мрзливецот со бебе на илустрацијата Како се снаоѓате со визуелните предизвици? Пред вас е еден забавен, ќе погодите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg