Размислете, одговорете и прашајте!

Сигурно честопати сте се нашле во ситуација кога не сте знаеле за што да разговарате, кога сакате да дознаете нешто повеќе за некоја личност, а сè што ви останува се веќе познатите клише прашања како: Кои ти се омилени филмови, омилена храна...?

razmislete-odgovorete-i-prasajte-01

Можеби сакате да ѝ дадете поголема длабочина на конверзацијата со личност која почесто се сретнувате, можеби и на некоја љубовна средба.

Можностите за развивање на разговорот, ширината во која ќе се движи и што ќе сфатите или дознаете зависи од прашањата кои ги поставувате.

Ќе имате многу поинтересни средби, разговори, а ќе дознаете и повеќе информации кои може да ви значат повеќе од тоа кој, што работи и што јаде.

Обидете се овие прашања да ги поставувате почесто:

1. Која е најдобрата работа што некој ја направил за тебе?

2. Што, или кого сакаш најмногу и што правиш ти во врска со тоа?

3. Како си покажуваш дека се сакаш себеси?

4. Што е за тебе дом?

5. Има ли некој/а во твојот живот кому сакаш да му простиш, а сè уште не си го направил/а тоа?

razmislete-odgovorete-i-prasajte-1

6. Кога тишината е позначајна од зборовите?

7. Што посакуваш да знаеш?

8. Има ли нешто што си пропуштил/а, а сакаш да го надоместиш?

9. Кога последен пат излажа и зошто?

10. Од што никогаш не би се откажал/а?

razmislete-odgovorete-i-prasajte-3

11. Кое е најспонтаното нешто што си го направил/а?

12. Како знаеш дека треба да се откажеш од нешто или некого?

13. Што би сакал/а некој да те праша?

14. Која важна лекција некој може да ја научи од твојот живот?

15. Која е наједноставната вистина што можеш да ја кажеш со зборови?

razmislete-odgovorete-i-prasajte-2

Пред да ги поставите на некој друг, одговорете ги вие, ќе дознаете многу вистини за себе!

Би можело да ве интересира:

Тест на личноста: Изберете една куќа и дознајте зошто не сте среќни Што ве кочи на патот до среќата? Која е таа една карактеристика која треба да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg