Тест на личноста: Изберете една куќа и дознајте зошто не сте среќни
Куќа број 1
Вие несомнено сте глава на семејството, па дури и да сте многу млади, вашето мислење многу се цени, а неретко е и пресудно во домот.
Создадени сте да бидете лидер, но понекогаш на себе преземате дури и премногу одговорности.
Токму тоа ви е препрека на патот до среќата.
Одморете малку и дел од одговорностите пренесете ги на другите луѓе, никој нема да ви замери. Луѓето мислат дека сте заборавиле како да се опуштите и забавувате.
Куќа број 2
Вие сте многу чувствителни и емпатијата ви е на највисоко ниво, а тоа ве дефинира како добра личност, која секаде е омилена.
Сепак, поентата на животот е да го живееме, а вие премногу се придржувате до дисциплината, на која сте научени уште од детството, и неретко тоа ве става во инфериорна позиција.
Во состојба сте да премолчите многу работи и тоа ви прави тежина на душата. Не споделувате со другите и се борите сами со своите демони.
Мора да се освестите за неверојатната сила која ја поседувате и да почнете да верувате дека може да поместувате планини, само ако излезете од зоната на комфорот.
Недостигот на самодоверба и стравот да не ги повредите другите ве кочи.
Куќа број 3
Сакате раскош и ви тежи мислата дека чувствувате дека немате толку колку што вистински сакате и заслужувате.
Често претерувате со купување работи кои ви се непотребни, но импулсот за шопинг е посилен од вашиот разум.
Многу е важно да научите да управувате со финансиите, да престанете да го менувате мислењето и јасно да ги дефинирате вашите цели, така ќе бидете посреќни.
Куќа број 4
Вие имате смиреност и харизма која плени. Луѓето ви веруваат, иако некогаш знаете ненамерно да нанесете штета.
Махер сте за дипломатија и да ги поправите работите кога ќе ги расипете.
Вашето семејство ви е двигател, а тие понекогаш се дури премногу толерантни за вашите пропусти, но оправдано, затоа што на крајот од денот знаат дека вие сте личноста на која можат да ѝ веруваат.
Единствено што ве кочи на патот до среќата е недостигот од упорност.
Куќа број 5
Околината има големо почитување кон вас. Умерени сте и личност од доверба, која е пожртвувана за другите.
Но, тоа што другите не го гледаат се вашите мали епизоди на нестабилност и премислување околу тоа дали да ги срушите ѕидовите кои ги подигнавте околу себе.
Често избирате да држите дистанца од луѓето околу вас и вашите тајни себично да ги чувате.
Но, мора малку да се отворите кон другите и да дозволите да ви пристапат, животот ќе ви стане поубав и посреќен.
С. С. | Црнобело