Екран на допир, компјутер - 8 секојдневни предмети кои се многу постари отколку што мислевте

Мобилен телефон

Мобилните, односно преносливите телефони постоеле како идеја уште пред повеќе од еден век, а првите практични мобилни телефони биле направени во 1973 година, од страна на Motorola. Овие уреди биле далеку понепрактични од денешните и тежеле дури два килограми.

ekran-na-dopir-kompjuter-8-sekojdnevni-predmeti-koi-se-mnogu-postari-otkolku-shto-mislevte-06.jpg

Батерии

Бенџамин Френклин првпат го искористил зборот „батерија“ уште во 1749 година, додека правел експерименти со електрични кондензатори.

Но сепак, првата батерија е дело на Алесандро Волта од 1800 година.

ekran-na-dopir-kompjuter-8-sekojdnevni-predmeti-koi-se-mnogu-postari-otkolku-shto-mislevte-07.jpg

Фрижидер

Денес не можеме да си го замислиме домот без фрижидер, а изгледа научниците сфатиле колку многу ни треба некој ваков уред пред речиси два века.

Првиот фрижидер го направил американскиот изумител Џејкоб Перкинс уште во 1834 година. Иако фрижидерот работел и се смета за огромен чекор напред, тој период не доживеал комерцијален успех и било потребно долго време за луѓето да ја сфатат потребата од фрижидер.

ekran-na-dopir-kompjuter-8-sekojdnevni-predmeti-koi-se-mnogu-postari-otkolku-shto-mislevte-08.jpg

Компјутер

Првиот компјутер бил механички, но сепак ги поставил основите за модерната информатичка технологија. Машината позната како The Babbage Difference Engine била дизајниран од страна на Чарлс Бебиџ во 1822 година.

Компјутерот можел да пресметува равенки со 29 променливи.

Можеби најважната идеја што ја добил Чарлс за неговата машина е користењето бинарен систем, односно единици и нули, за да ги претстави сите податоци – нешто што се користи и денес.

Првиот компјутер кој работел на струја и кој можел да се програмира бил направен во 1946 година и се вика ENIAC.

ekran-na-dopir-kompjuter-8-sekojdnevni-predmeti-koi-se-mnogu-postari-otkolku-shto-mislevte-09,.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg