Samsung Electronics ги претстави Neo QLED, MicroLED и Lifestyle линијата телевизори во склоп на саемот CES 2021
Петнаесет години во улога на водечки глобален ТВ бренд во духот на одржливост и прилагодливост кон потребите на секој корисник
СКОПЈЕ – 8. јануари, 2021. година – Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. го претстави портфолиото на Neo QLED, MicroLED и Lifestyle телевизори за 2021 година, за време на првиот виртуелен настан First Look пред најголемиот саем за потрошувачка електроника CES 2021. Со новата линија, Samsung ја нагласува својата посветеност на прилагодливоста, одржливоста и иновативноста, благодарение на подобрувањата кои сакаат да ја редефинираат улогата на телевизијата во потрошувачките домови.
„Во текот на изминатата година, технологијата одигра клучна улога помагајќи да продолжиме со животот и да останеме поврзани едни со други“, рече JH Han, претседател на деловниот оддел за визуелни прикази во компанијата Samsung Electronics. „Нашата заложба за инклузивна и одржлива иднина оди заедно со неуморното пребарување на иновации што ги препознаваат и одговараат на зголемените потреби на нашите клиенти - од намалување на јаглеродниот диоксид на нашите производи, до обезбедување низа карактеристики за пристап, до невидено искуство во гледање во согласност со начинот на живот на секој корисник.“
Одржлива иднина достапна за сите
Во текот на следните неколку години, Samsung ќе започне со имплементација на „зелени технологии“ и ќе го усогласи својот бизнис во ТВ сегментот преку следните долгорочни програми за одржливост:
Намалување на емисијата на јаглерод и подобрување на енергетската ефикасност: Samsung ќе се стреми систематски да ја намали вкупната емисија на јаглерод во производството на телевизори. Исто така, ќе се обиде да ја намали потрошувачката на електрична енергија на уредите и да ја зголеми употребата на рециклирани материјали низ целата линија на ТВ производи.
Одржлив дизајн на пакување: Градејќи вредните повратни информации од клиентите, Samsung го проширува својот наградуван „Eco-packaging“ дизајн на сите 2021 Lifestyle телевизори и на поголемиот дел од линијата Neo QLED 2021. Со примена на ова одржливо решение, до 200 000 тони брановидни кутии може да се користат секоја година1 со помош на upcycling методот. За понатамошно намалување на отпадот ќе придонесе намалувањето на текстуалните и графичките слики на еко-пакувањето, со што се отстранува мастилото на база на масло од печатење во боја, традиционално користено на ТВ-кутии.
Далечински управувач со соларни ќелии: Оваа година, телевизорите на Samsung доаѓаат со далечински управувач со соларни ќелии што може да се полни на светлина или со USB - што е прва иновација од ваков вид за Samsung. На овој начин ќе се спречи создавањето на отпад од 99 милиони ААА батерии за седум години2. За да го направи овој далечински управувач, Samsung создаде цел процес на производство за повторна употреба на пластични шишиња, вклучително и 24 проценти рециклиран материјал3.
На сите овогодишни QLED и Neo QLED модели, на корисниците ќе им бидат достапни функции што претставуваат најнови достигнувања во технологијата и вештачката интелигенција (AI), за непречено уживање во искуството со гледање телевизија. Овие нови функции се Caption Moving – преместување на преводот, Sign Language Zoom – зумирање на знаковниот јазик и Multi-Output Audio – звук со повеќе излези, што им дава на глувите, наглуви, слабовидни и слепи лица можност да ја оптимизираат употребата на телевизорот според нивните потреби и желби. Покрај тоа, Samsung се обврза дека до 2022 година ќе ја прошири функцијата Voice Guide до повеќе категории производи, со што ќе обезбеди аудио насоки за лицата со оштетен вид. Исто така, Samsung ќе продолжи да развива нови функции базирани на вештачка интелигенција за да го прилагоди користењето на телевизорот според потребите на секој корисник.
Neo QLED прави „квантен скок“ во технологијата на ТВ-екраните
Samsung со своите flagship 8K (QN900A) и 4K (QN90A) модели, воведува комплетно нова технологија за прикажување - Neo QLED, земајќи QLED технологија на следното ниво, благодарение на прецизно контролираните Quantum Mini LED и Quantum Matrix технологии и моќниот Neo Quantum процесор, специјално оптимизиран за Neo QLED.
Samsung Quantum Mini LED е дизајниран во големина од 1/40 висина на конвенционален LED екран. Наместо да се користи леќа за дисперзија на светлина и склоп за фиксирање на LED диодите, Quantum Mini LED има неверојатно тенки микро слоеви исполнети со многу повеќе LED диоди. Quantum Matrix технологијата овозможува ултра фино и прецизно управување со густо спакувани LED диоди, спречувајќи замаглување и им овозможува на гледачите да уживаат во содржината како што е наменета. Neo QLED ја зголемува скалата на осветленост на 12 бита со 4096 чекори, што помага темните области да бидат потемни, а светлите области, да резултираат со попрецизно HDR искуство. Neo QLED користи моќен Samsung Neo Quantum процесор со подобрена надградба. Користејќи до 16 различни модели на нервна мрежа, од кои секој од нив е обучен за надградба со вештачка интелигенција и технологија за длабоко учење, Neo Quantum процесорот може да го оптимизира квалитетот на излезот на сликата за 4K и 8K, без оглед на квалитетот на влезот.
Samsung Neo QLED 8K 2021 се одликува со новиот Infinity One Design - екран скоро без рамка кој обезбедува уште поизвонредно искуство при гледање со елегантен дизајн и формат. Neo QLED 8K располага со Slim One Connect box - комплетно нов систем за управување со каблите кои може да се закачат на задниот дел од телевизорот и овозможува полесна инсталација со почитување на естетиката. Neo QLED 8K има и неколку врвни аудио функции - Object Tracking Sound Pro динамичен звук што одговара на движењето на предметите на екранот, како и SpaceFit Sound, кој ја анализира физичката средина на телевизорот и емитува неверојатен звук специјално прилагоден на вашиот простор.
Samsung моделите за 2021 година, Neo QLED 8K и 4K, нудат паметни функции кои ја прошируваат улогата на телевизорот и им помагаат на потрошувачите да ги задоволат нивните потреби што се менуваат, во смисла на фитнес, забава и работа од дома.
Samsung Health4 непречено го претвора вашиот дом во лична теретана, а новата опција Smart Trainer може да го следи и анализира држењето на телото во реално време, исто како личен тренер. За време и по тренингот, Smart Trainer ви дава повратни информации за формата, ви помага да броите повторувања и да процените потрошени калории. Со помош на видео и интерактивна обука преку гласовна контрола на Bixby, Samsung Health Smart Trainer го носи искуството на вежбање дома на повисоко ниво.
Користејќи две нови уникатни функции, Samsung овозможува супериорно искуство со ТВ игри. Super Ultrawide GameView им дава можност на играчите, покрај широкиот приказ на страните 21:9, да играат видео игри во ултра-широк сооднос од 32:9. Game Bar им овозможува на гејмерите брзо да ги следат и прилагодуваат критичните аспекти на играта - без разлика дали станува збор за промена на односот на страницата, доцнење при влезот или поврзување на слушалките. Дополнително, FreeSinc Premium Pro ги намалува прекините, така што играчите уживаат непречен квалитет на сликата во текот на играта.
Со Google Duo, корисниците можат да го користат телефонот и да започнат висококвалитетен видео-повик со голема брзина, на кој може да се приклучат најмногу 32 лица, без разлика кој оперативен систем го користат. Со помош на апликацијата Google Duo, видео повиците може да се остваруваат директно преку опционална УСБ-камера. Со помош на паметното решение на камерата, може да ги следи движењата, а со автоматското зумирање и зголемување, корисникот е секогаш во вистинската големи и во фокус.
PC on TV на Samsung уредите им овозможува на корисниците да поврзуваат компјутер и телевизор и да работат и да учат од дома преку ТВ-екранот, со поврзано глувче, тастатура и компјутер. Корисниците можат директно да пристапат до MS Office 365 преку веб-пребарувачот на телевизорот и да креираат и уредуваат документи. Со помош на апликацијата Easy Connection на компјутерот можете да се најавите на Samsung сметката - и телевизорот автоматски ќе се поврзе со вашиот компјутер, правејќи ја вашата дневна соба беспрекорна.
Нова ера на зачудувачки квалитет на слика и дизајн со MICRO LED
Со новата линија MICRO LED, Samsung за прв пат ја направи технологијата Micro LED достапна на традиционалните големини на ТВ-екрани. Достапна во големини 110 и 99 инчи, но и помала што ќе излезе до крајот на годината, новата линија MICRO LED користи LED светла со големина на микрометар за да го елиминира позадинското осветлување и филтрите во бои што се користат на конвенционалните дисплеи. Со самостојно осветлување, се создава зачудувачко реални бои и осветленост преку своите 24 милиони LED диоди кои се контролираат одделно. Со својот Монолит дизајн кој се карактеризира со сооднос на екранот и рамката од 99 проценти во корист на екранот, единственото нешто што корисникот гледа е неверојатен квалитет на сликата.
Samsung создаде функции на Smart TV за да ја искористи предноста на масивниот екран на новата линија MICRO LED. На пример, корисниците можат да ја користат функцијата 4Vue (четириструк дисплеј) за удобно прегледување до четири различни извори на содржина истовремено на еден екран. Можно е да поврзете неколку надворешни уреди одеднаш и да гледате различни натпревари истовремено или да шетате низ видеа и да играте игри во непроменет квалитет и големина.
Динамичното аудио искуство на новиот MICRO LED телевизор е поеднакво прекрасно, како и неговиот имиџ. Со Majestic Sound, се овозможува звук од 5,1 канали без надворешен звучник - претворајќи ја секоја просторија во луксузно домашен кино.
Проширување на надграденото портфолио на Lifestyle телевизорите
Samsung работи и на подобрување на својата Lifestyle ТВ линија за 2021 година со нови дизајни и големини што ги рефлектираат различните интереси и вкусови на корисниците. Од неговото претставување во 2017 година, The Frame ја редефинираше телевизијата, трансформирајќи ги екраните во уметнички дела, со продадени над милион примероци.
Верзијата за 2021 се надоврзува на иновативното наследство што го остави The Frame нудејќи поприлагодливо искуство во препознатливо потенка форма. The Frame е околу половина потенок 5 од претходните верзии, имитирајќи ја дебелината на традиционалната рамка за слика. Новите опции за прицврстување на рамката доаѓаат во пет бои и два различни прилагодливи стилови - Modern и Beveled - што одговараат на естетиката на секоја просторија во која се наоѓа The Frame.
Со The Frame доаѓа и претплата на сосема новата Art Store, а корисниците ќе можат да уживаат во над 1.400 внимателно избрани уметнички дела. Новата Samsung технологија за автоматски избор базирана на вештачка интелигенција ги анализира индивидуалните преференции на корисниците, со цел подобро да се препорача уметничко дело.
Со скоро безброј опции за прилагодување, портфолиото за Samsung Lifestyle телевизорите - The Frame, The Serif, The Sero, The Terrace и The Premiere, го подобруваат ентериерот на секој дом.
Повеќе на CES 2021?
Како дел од најавата за меѓународниот саем за технологија CES 2021, што ќе се одржи на 11 јануари, претседателот на Одделот за развој во Samsung Electronics, Sebastian Seung, во своето последно соопштение се осврна на новите решенија што Samsung ќе ги претстави оваа година. „На саемот CES, Samsung ќе ги претстави најновите иновации на еколошки прифатливи решенија, вештачка интелигенција и персонализирани искуства. Ова е единствена можност не само да се преброди минатата година, туку и да се создаде подобро нормално за сите со нашите технологии“, најави Sebastian Seung.