Футуристички технологии што веќе се реалност (или можеме да ги очекуваме наскоро)
Брзината со која напредува технологијата и ни го менува животот е зачудувачка.
На пример, пред 2007-ма, нашите телефони беа само телефони. Никој не би помислил од телефонот ќе може да слуша музика, да бара насоки или да го контролира целиот свој живот.
Иднината навистина се случува сега, а во продолжение погледнете ги футуристичките технологии и дизајни што веќе станаа реалност (или можеме да ги очекуваме наскоро):
„Беспилотни“ автомобили
Денес веќе постојат автомобили што ја „пресметуваат“ можноста за сообраќајка и што се паркираат сами. Возилата на Tesla, пак, имаат опции што го олеснуваат возењето, вклучувајќи центрирање во сообраќајна лента.
Се разбира, ова се само почетоците, но наводно, веќе 55 компании имаат дозвола да тестираат беспилотни возила, и тоа само во Калифорнија.
Сепак, постојат неколку предизвици што треба да се надминат пред беспилотните возила да ни станат секојдневие. Забележани се доста несреќи и грешки, а сензорите на овие возила имаат проблем со ефикасноста во лоши временски услови.
Летачки дронови
Иако дроновите веќе се користат интензивно, експертите сметаат дека едвај го допираме нивниот потенцијал.
Дроновите се наоѓаат на пазарот веќе неколку години, но алгоритмите и програмирањето дури сега почнуваат да ги истакнуваат нивните способности.
Со дроновите може да се прави речиси сè – од војување и гаснење пожари, па сè до проверка на тешко достапни места.
Покрај тоа, денес речиси секој може да си набави дрон по ниска цена. Се разбира, колку повеќе опции има дронот, толку е повисока и неговата цена.
Кучиња роботи
Компанијата Boston Dynamics, која е лидер во роботиката, го привлече вниманието на сите со нивниот робот кој изгледа како куче.
Овој робот, наречен Spot, може да гледа во 360 степени и да се движи на речиси секаков терен. Истовремено, роботот може да трча 90 минути со едно полнење и да извршува разни задачи.
Роботот Spot оригинално бил направен за да им помага на војниците на бојното поле. Сепак, ова предизвика побуна кај активистите за човекови права.
Летачки костими
Кој не би сакал да лета како Iron Man? Британскиот изумител Ричард Браунинг ја имал истата желба, но за разлика од нас, направил нешто во врска со тоа.
Тој направи летачки костим кој според Гинис се движи најбрзо. Костимот е направен со 3Д печатени делови и 5 млазни мотори.
Флексибилни екрани
Ако некогаш ви се скршил екранот на телефонот, сигурно сте посакале флексибилен екран што ќе издржи сè. Денес постои и ова.
Флексибилните OLED екрани можете да ги најдете на многу уреди. Екраните се многу тенки и флексибилни и можат да прикажат многу појаки бои за разлика од дебелите LED екрани.
3Д печатачи
Во минатото, кога ќе сте изгубеле дел од некоја играчка, морало да молите за нова. Но, со 3Д печатачите изгледа никогаш повеќе нема да одиме во продавница по резервни делови.
Покрај играчки, со овие печатачи се прават протези, па дури и материјали за изградба на цела куќа.