HUAWEI Mate 20 X (5G) е првиот мобилен телефон во светот кој доби 5G сертификат од Глобалниот сертификациски форум (GCF)

Huawei го пушти на пазарот HUAWEI Mate 20 X (5G) - прв во светот 5G смартфон со двоен режим. Уредот е сертифициран од Глобалниот сертификациски форум (GCF) во текот на јули, што го прави прв 5G паметен телефон на пазарот кој успешно ги преминал сите 5G тестови на GCF.

huawei-mate-20-x-5g-e-prviot-mobilen-telefon-vo-svetot-koj-dobi-5g-sertifikat-od-globalniot-sertifikaciski-forum-gcf-01.jpg

Последниве неколку месеци смартфонот HUAWEI Mate 20 X (5G) помина низ цела низа тестови за комуникациски 2G, 3G, 4G и 5G продукти, кои се бараат од GCF, со што докажа исклучива развиена функционалност и продуктивност.

Глобалниот сертификационен форум (GCF) е организација со најголемо светско влијание во сертифицирањето на мобилни уреди. Форумот е составен од водечки мобилни оператори, производители на мобилни уреди, снабдувачи на чипсети, организации и снабдувачи на опрема за тестирање, што го прави GCF најобемен и најстрог сертификационен систем во мобилната индустрија. Повеќето мобилни оператори ширум светот бараат секој мобилен уред да помине низ различни GCF сертификациски тестови како дел од процесот на прифаќање на уредот.

Смартфонот HUAWEI Mate 20 X (5G) поседува одлична 5G конекција  благодарение на двојната чипсет конфигурација со последна генерација Huawei 5G чипсетови - Balong 5000 и Kirin 980 кои поддржуваат SA (Standalone) и NSA (Non-Standalone) 5G мрежи.

HUAWEI Mate 20 X (5G) е еден од првите 5G / 4G паметни телефони во светот за работа со две SIM картички. Смартфонот HUAWEI е совршен влез во ерата 5G со

ажуриран оперативен систем EMUI 9.1. Mate 20 X (5G) има 7,2-инчен екран со целосен екран со Leica мулти-фокус систем.

HUAWEI Mate 20 X (5G) располага со одличен систем за полнење - 40W SuperCharge полнач и батерија од 4200 mAh и иновативен систем за ладење со графит. Истражувачкиот тим на Huawei ги оптимизира различните аспекти на системот за полнење за да ја намали потрошувачката на енергија, како што е инкорпорирањето на вештачката интелигенција (AI).

Пред официјално да го претстави паметниот телефон, Huawei работеше со мобилни оператори ширум светот и спроведе голем број тестови за проверка на перформансите на уредот и подготвеноста за работа со било кој тип на мрежа за да се осигура дека HUAWEI Mate 20 X (5G) нуди најдобро 5G искуство.

Во моментов, HUAWEI Mate 20 X (5G) е присутен во неколку земји и во мрежи на голем број мобилни оператори во Европа, Југоисточна Азија и Блискиот Исток. Со своето лидерство во 5G технологии и квалитетни производи, новиот паметен телефон на HUAWEI ќе ги воодушеви глобалните потрошувачи во возбудливата 5G ера.

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg