Фејсбук тајно ви ги снима реакциите преку предната камера: Како да се заштитите?
Патентот на компанијата Фејсбук кој е достапен од 2016-тата, повторно стана актуелен и ги подели мислењата на луѓето низ светот.
Станува збор за опција преку која Фејсбук го снима ликот на корисникот преку камерата на неговиот мобилен телефон или компјутерот од каде што се вклучува на својот профил.
Патентот има за цел да ја детектира емотивната реакција на корисникот според која се утврдува типот на содржините за кои корисникот е заинтересиран.
Опцијата го анализира изразот на лицето додека гледате фотографии или читате некоја содржина на Фејсбук. Ако сте насмеани или имате позитивна реакција, Фејсбук ви нуди слични такви содржини кои би можеле да ве интересираат.
Ако направите гримаса како да не сте заинтересирани за нешто кое го гледате или читате, или пак, ги гледате само првите 3-4 секунди од некое видео и немате никаква реакција, такви содржини нема да ви излегуваат често.
Корисниците не добиваат известување кога Фејсбук ја применува оваа опција на нивните профили, па поради тоа овој патент може да се сфати и како манипулација.
Дел од корисниците сметаат дека треба да дадат претходно одобрување или пак, ако не сакаат да ги снимаат, да ја покријат камерата на телефоните и компјутерите.
Корисниците можат да се заштитат од ваквиот тип на „шпионирање“ на следниот начин:
За корисници на Android:
Влезете во Settings, одберете Applications, а потоа Application Manager.
Во апликацијата Facebook притиснете More (горе десно).
Од понудените опции одберете Permissions. Таму имате опција да го деактивирате микрофонот и други опции кои се однесуваат на камерата.
За корисници на iPhone:
Влезете во Settings и отворете ја апликацијата Facebook.
Во апликацијата, во делот Settings ќе видите листа на која пишува Allow Facebook to Access. Во оваа листа е микрофонот и камерата.
Деактивирајте ги сите опции во овој дел за кои сметате дека има потреба.
М. В. | Црнобело