Официјално: Ова е iPhone X со сите негови карактеристики
Apple го објави официјалното доаѓање на новиот член во семејството – iPhone X, за време на прес настан во Купертино, Калифорнија.
Од компанијата велат дека футуристичкиот дизајн е голем чекор нанапред од оригиналниот iPhone на кој навикнавме, па се надеваат дека ќе ги постави стандардите за напредок на технологијата во следната декада.
Новиот модел ќе чини 999 долари и ќе биде пуштен во продажба на 3-ти ноември. Предвремените нарачки ќе може да се прават од 27-ми октомври.
„Со iPhone 10, мобилниот ќе ви биде заклучен додека не го погледнете и тој не ве препознае. Ништо не било поедноставно, поприродно и со помалку напор. Го нарекуваме фацијално препознавање. Фацијалното препознавање е иднината за отклучување на мобилните и заштитување на нашите чувствителни информации,“ вели маркетинг специјалистот Фил Шилер.
Што друго може да очекуваме од футуристичкиот iPhone X?
Значително поинаков дизајн од претходниот модел iPhone 7, без централното home копче.
Екранот користи нов тип на технологија наречена OLED.
Батеријата трае 2 часа подолго од претходниот модел.
Ќе биде достапен во две бои сега засега - темно сива и сребрена.
Отпорен е на вода во исто ниво како и претходниот iPhone 7.
Има подобрена задна камера. Има 2 сензори од 12 мегапиксели и подобрен блиц.
Предната камера е апдејтирана со еден куп нова технологија, вклучувајќи го и фацијалното препознавање.
Сите спецификации и фантастичниот дизајн погледнете ги во видета:
https://www.youtube.com/watch?v=mW6hFttt_KE
https://www.youtube.com/watch?v=K4wEI5zhHB0
iPhone X моделот од 64GB ќе чини 999 долари, додека iPhone X моделот со 256GB меморија ќе чини 1.149 долари.
М. Д. | Црнобело