Хаштагови кои се забранети на Инстаграм, а повеќето луѓе не ни знаат
Ако за одредена објава на Инстаграм сте забележале дека имате мал број на лајкови, можно е да сте користеле хаштаг кој е на „црна листа“.
Сте знаеле ли дека со користење на само еден од забранетите хаштагови, привремено ги правите и сите останати хаштагови на таа објава невидливи?
Од неодамна, социјалната мрежа Инстаграм забрани дури 60.000 ознаки, а иницијалната причина да започне хистеријата наречена „Instagram Shadowban“ било нивното претерано користење во објавите на корисниците.
Како причини за забраната се издвојуваат користењето ботови, автоматските сервиси, купувањето следбеници, постојаното користење исти ознаки, тагови во тагови... Истовремено, целта е и да се прочисти платформата од порнографски и други непримерни содржини.
А, во суштина, тоа значи дека вашиот хаштаг не може да се открие, или пак, ако може, тогаш вашите објави ќе ги видат само оние кои ве следат. Ова е еден од начините со кои Инстаграм се бори со споменатите проблеми.
И, додека за вулгарните ознаки од типот на #booty, #twerk, #eggplant или #boobies ни е сосема јасно зошто се најдоа на црната листа, меѓу другото, постојат и хаштагови за кои никогаш не би ви паднало на памет дека се непристојни, или пак, дека имаат врска со порнографски содржини, а Инстаграм исто така ги забрани.
Од „книги“ и „мозок“, преку „бохо“ и„ костуми“, па сѐ до „Велигден“ – прочитајте ги хаштаговите кои се забранети на Инстаграм, а повеќето луѓе не ни знаат:
М. А. | Црнобело