14 лични податоци кои Фејсбук ги знае за вас во секој момент
Замислете некој постојано да ги надгледува и следи вашите разговори, постапки, вашата локација, секој ваш збор... Страшно, нели?
Тогаш уште постаршно ќе ви биде кога ќе ви откриеме што сè знае Фејсбук за вас во секој момент, без разлика дали тоа ви се допаѓа или не.
1. Сè што некогаш сте лајкувале: статуси, слики, видеа, коментари.
2. Сите ваши лични пораки со секој друг корисник.
3. Сите ваши избришани пораки, постови и коментари. Дури и да мислите дека се засекогаш избришани од виртуелниот свет, засекогаш ќе останат на серверите на Фејсбук.
4. Сите недовршени постови, кои почнавте да ги пишувате, но никогаш не ги објавивте.
5. Сите фотографии и видеа кои ги постирате и споделувате.
6. Точниот момент кога сте станале пријатели со некого или сте се избришале од пријатели, како и колку активно сте комуницирале со нив.
7. Сите ваши активности поврзани со Инстаграм.
8. Сите настани и места на кои сте биле, сите градови и земји кои сте ги посетиле.
9. Вашето ниво на образование и заработка.
10. Веб сајтовите кои сте ги посетиле преку Фејсбук постови.
11. Броевите од вашата картичка.
12. Вашите политички ставови и ориентација.
13. Вашиот лик.
14. Сите уреди од кои сте се логирале на Фејсбук.
М. Д. | Црнобело