Во колку часот се добиваат најмногу лајкови на Инстаграм?

Нема ништо полошо од тоа да споделите објава, а истата да помине речиси незабележано, иако сте мислеле дека ќе биде хит меѓу корисниците на социјалната мрежа.

vo-kolku-chasot-se-dobivaat-najmnogu-lajkovi-na-instagram-1.png

Но, пред да се запрашате дали се работи за некоја системска грешка, или, пак, веднаш да заклучите дека вината лежи во вас самите, имајте на ум дека е можно само да сте ја објавиле вашата фотографија во погрешно време.

vo-kolku-chasot-se-dobivaat-najmnogu-lajkovi-na-instagram-2.jpg

Доколку сте опседнати со споделувањето фотки и видеа на Инстаграм, тогаш сигурно ќе ве заинтригира податокот дека постои временски интервал од денот, кога објавите на оваа социјална мрежа добиваат најголем број на лајкови.

vo-kolku-chasot-se-dobivaat-najmnogu-lajkovi-na-instagram-3.jpg

Ако се прашувате кое е вистинското време за објави, одговорот пристигна од алатката Hopper HQ. Тоа е помеѓу 18 и 20:30 часот во текот на работните денови, односно околу 11 наутро за време на викенд. Во тоа време има најмногу корисници на мрежата, а со самото тоа е и поголема можноста за повеќе луѓе да ја видат вашата фотографија или видео.

vo-kolku-chasot-se-dobivaat-najmnogu-lajkovi-na-instagram-4.png

За дополнителни лајкови, ќе ви помогнат и внимателно одбраните ознаки, а според Hopper HQ, во 10-те најпопуларни се вбројуваат:

  1. #love
  2. #instagood
  3. #photooftheday
  4. #beautiful
  5. #tbt
  6. #happy
  7. #cute
  8. #fashion
  9. #followme
  10. #me.

vo-kolku-chasot-se-dobivaat-najmnogu-lajkovi-na-instagram-5.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg