Новиот Самсунг телевизор е уметничко дело во секоја смисла на зборот
Новиот телевизор произведен од Самсунг не е само екран на кој ќе може да гледате телевизија. Всушност кога ќе го исклучите, телевизорот се претвора во уметничко дело кое лесно се вклопува во вашиот домашен ентериер.
Телевизорот изгледа како обична рамка за слика која кога ќе ја закачите на ѕидот е комплетно уникатна. Ги спојува модерното и традиционалното во едно. Може да се вклопи без проблем во декорот на вашата соба.
Може да изберете уметничко дело од 100-те достапни и да изберете од повеќе жанрови на портрети, пејзажи и најразлични дизајни. Уредот ја прилагодува својата светлина според светлината на собата во која се наоѓа, така што нема да свети никогаш силно и да двои од другите декорации.
Дизајниран е да копира оригинална и уникатна уметничка слика сè додека не го влучите и тогаш почнува да функционира како најобичен телевизор.
А. В. | Црнобело