Игри кои не сте знаеле дека можете да ги играте на Messenger
Дали сте знаеле дека освен што може да се допишувате на Messenger, можете и да играте игри со Вашите пријатели?
Кога на некој од Вашите пријатели ќе му испратите баскет или фудбалска топка на Messenger, со кликање на топките, може да започнете да играте.
Игрите може да ги играте кога сакате, без разлика дали Вашите пријатели се вклучени, на нив ќе им стаса резултатот кој Вие сте го постигнале кога ќе се вклучат.
Исто така, може да играте и шах, кој се игра со праќање на @chess play.
Доколку не можете да се снајдете со мрдање на фигурите, напишете @fbchess help и ќе Ви стигнат инструкции како се игра.
Овие игри може да ги играте со сите пријатели посебно.
Доколу ја исклучите играта и по некој ден пак сакате да ја играте, поените што претходно сте ги направиле нема да Ви бидат избришани, тие ќе останат во горниот десен агол.
Ова е нов забавен начин да играте онлајн со вашите пријатели без ништо да инсталирате, потребно е да ја имате инсталирано само апликацијата Messenger на Вашиот смартфон.
Моментално игрите се достапни само за мобилен со екран на допир и не може да ги користите доколку сте вклучени од вашиот компјутер или лап топ.
Е. Ј. | Црнобело