Apple го копира изгледот на уредите од помалку познат бренд!?
Компјутерот кој го лансираше „Apple“ во орбитата на најпопуларни брендови во светот, iMac, конечно прослави 18-годишно полнолетство. Но, малкумина знаат дека голем дел од популарните дизајни на „Apple“ неодоливо наликуваат на старите дизајни од палетата производи на компанијата „Braun“.
Визијата за надворешниот изглед на производите „Braun“ му припаднала на тогашниот дизајнер Дитер Ремс, кој работел во ’50-ите и ’60-ите години на минатиот век.
Секако, „Apple“ иновациите изгледаат далеку помодерно и пософистицирано, но гледајќи ги напоредно со старите „Braun“ дизајни, не можеме, a да не се запрашаме, колку многу наликуваат едни на други.
Погледнете и проценете сами:
Телевизор Braun Atelier VS. iMac 24
Braun T1000 радио VS. PowerMac G5/Mac Pro
Алуминиумска перфорирана надворешна маска кај обата производители
Џебно радио Braun T3 VS. Apple iPod.
Звучен систем Braun L60 VS. Apple iPod Hi-Fi
Звучник Braun LE1 VS. Apple iMac
(О)Милена | Црнобело