Супер корисни Фејсбук опции кои можеби не ги користите
Денес е тешко да најдете човек кој нема Facebook. Но, и покрај тоа постојаните промени и усовршувања на Марк Закерберг нудат многу опции кои можеби ги немате откриено.
Едно е сигурно - ќе ви го олеснат користењето и ќе го унапредат вашето познавање на Фејсбук:
1. Читајте ги скриените пораки
Ретко кој корисник знае дека има две инбокс сандачиња. Едното од нив, поточно она кое не го користите, ги собира сите пораки испратени од профилите кои не ви се пријатели.
За да стигнете до нив треба да отворите инбокс и да ја одберете опцијата Message Requests, па да кликнете на See filtered requests.
2. Проверете каде сè сте логирани
Ако се прашувате каде сте логирани освен на вашиот компјутер, кликнете на малата стрелка во горниот десен агол. Селектирајте Settings, па Security. Ќе го видите полето Where You’re Logged In. Кликнете за да прегледате, а за одлогирање само кликнете End activity.
3. Бидете сигурни дека никогаш нема некој да ви го пробие профилот
Ако се сомневате во сигурноста на вашиот профил, секогаш може да го искористите полето Login Approvals кое ќе го најдете во Security табот.
Таму може да си поставите лозинка која ќе биде неопходна за да се најавите од непознат уред. Во случај некој да сака да се најави од уред кој никогаш не сте го користеле, ќе ви биде испратена лозинка на мобилниот телефон.
4. Одберете личност која ќе биде одговорна за вашиот профил ако нешто ви се случи
Сте се запрашале некогаш што ќе се случи со вашиот профил доколку доживеете несреќа од било каков тип? Facebook ви ја дава можноста да назначите личност која ќе ја преземе одговорноста.
Во Security табот одберете го полето Trusted Contacts. Сепак, оној кој ќе го означите нема да може да четува или да објавува во ваше име. Само ќе може да ја смени профил сликата и да одговори на понудите за пријателства.
5. Време е за носталгија
Ако сакате да се посмеете и немате ништо попаметно, кликнете на трите точки на профилот на некој ваш пријател и одберете See Friendship.
6. Вратете се во минатото
Имате опција која ви дава шанса да погледнете сè што некогаш сте лајкнале, коментирале или постирале. Само одберете View Activity Log.
7. Влезете во чевлите на пријателот
Ако сакате да видите како одредена личност го гледа вашиот профил и што се може да види, кликнете на трите точки на вашиот профил и одберете View As...
Ова ви дава одлична шанса да откриете колку информации им сервирате на луѓето кои не ги познавате.
8. Комуницирајте очи во очи
Видео повикот на Facebook е повеќе од едноставен, а веројатно никој од вас досега не го пробал. Само отворете чет прозорче и притиснете на камерата. Сега може да имате бесплатен видео разговор.
9. Одберете кои постови прво сакате да ги видите
Има две опции - See First и Close friends. Така ќе си ги обезбедите сите информации кои најпрво ве интересираат.
See First опцијата ви овозможува да ги гледате постовите на луѓето кои ќе ги одберете, на самиот почеток на насловната страна, но не ве известува за новите постови како што тоа го прави опцијата Close friends.
10. Сочувајте линк за да го прочитате подоцна
Facebook е полн со информации кои не можете да ги отворите и прочитате одеднаш. Во тие ситуации искористете ја опцијата Save Post или Save link. Треба само да кликнете на стрелката во горниот десен агол од постот и да ја одберете понудената опција.
Потоа сочуваниот линк ќе го најдете во левата колона на насловната страна, во полето Saved.
М. Д. | Црнобело