Корисни совети - Како да си го спасите телефонот кој паднал во вода?

korisni-soveti-kako-da-si-go-spasite-telefonot-koj-padnal-vo-voda-01.jpg

Понекогаш и само неколку капки вода можат да ни го уништат телефонот.

Иако можеби најдобар совет е веднаш да го однесете на сервис, важно е и самите навремено да реагирате и да се обидете да го спасите скапоцениот смартфон.

Како ќе го направите тоа?

1. Телефонот морате што е можно побрзо да го тргнете од водата и да го исклучите. Не го вклучувајте сè додека не сте сигурни дека е комплетно исушен.

korisni-soveti-kako-da-si-go-spasite-telefonot-koj-padnal-vo-voda-1.jpg

2. Откако ќе го исклучите, тргнете ја маската и извадете ја батеријата. Така ќе ја намалите можноста за да се расипе телефонот.

korisni-soveti-kako-da-si-go-spasite-telefonot-koj-padnal-vo-voda-2.jpg

3. Извадете ја сим картичката и добро избришете ја. Потоа, оставете ја целосно да се исуши, додека телефонот не е подготвен за повторно да го употребувате.

korisni-soveti-kako-da-si-go-spasite-telefonot-koj-padnal-vo-voda-3.jpg

4. Важно е да ги исклучите и отстраните сите периферни уреди како слушалки, мемориски картички и сè друго што ги затвора дупките и пукнатините на телефонот.

korisni-soveti-kako-da-si-go-spasite-telefonot-koj-padnal-vo-voda-4.jpg

5. Со правосмукалка собирајте ја водата на секои 20 минути, додека потполно не се исуши, но истата држете ја на извесна оддалеченост, бидејќи електрицитетот дополнително ќе го расипе телефонот.

korisni-soveti-kako-da-si-go-spasite-telefonot-koj-padnal-vo-voda-5.jpg

6. Не користете фен за да го сушите телефонот, бидејќи така водата и влагата од површината навлегува подлабоко во телефонот каде се наоѓаат важните електронски компоненти. Дополнително, истите можете и да ги стопите.

korisni-soveti-kako-da-si-go-spasite-telefonot-koj-padnal-vo-voda-6_copy.jpg

7. Од 2 до 3 дена, телефонот чувајте го во ориз или силиконски гел за да се апсорбира влагата.

korisni-soveti-kako-da-si-go-spasite-telefonot-koj-padnal-vo-voda-7.jpg

8. Или едноставно оставете го на некоја сончева површина за да се суши, можете да го ставите и на пешкир.

korisni-soveti-kako-da-si-go-spasite-telefonot-koj-padnal-vo-voda-8.jpg

9. По 24 часа проверете дали телефонот изгледа како сув, ако да, вклучете го да проверите дали работи.

korisni-soveti-kako-da-si-go-spasite-telefonot-koj-padnal-vo-voda-10.jpg

10. Доколку не работи како што треба, оставете го да се досуши, или побарајте помош од сервис.

korisni-soveti-kako-da-si-go-spasite-telefonot-koj-padnal-vo-voda-9_copy.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg