4 навики заради кои батеријата на телефонот ќе ви трае подолго
Технологијата е дел од нашиот живот и не можеме да живееме без неа, посебно не без нашиот смартфон.
Но, дали знаете како подолго да го одржите во живот без да ви се потроши батеријата?
Неколку совети:
1. Не го оставајте телефонот на полнач, ако веќе се наполнил
Прилично јасно, но колку пати досега ви се случило да го заборавите телефонот на полнач? Тоа го крати животниот век на батеријата.
2. Не морате да го полните сè додека не дојдете до 100%
Вашиот телефон не мора да биде 100% наполнет, тоа само може дополнително да ја оштети батеријата, затоа, секогаш оставајте малку простор за полнење.
3. Полнете го телефонот најбрзо што можете
Играте игри, постојано сте на Инстаграм? Тоа многу брзо ја троши батеријата, а не е добро да чекате сè додека самиот телефон не се изгаси, бидејќи е целосно празен.
4. Внимавајте на прегревање
Батериите на смартфоните се екстремно чувствителни на прегревање, па избегнувајте да го изложувате на силно сонце или да го полните заедно со маската во која го чувате.
Н. Г. | Црнобело