Кина веќе го изгради првиот автобус кој се движи над автомобилите

Се сеќавате на автобусот кој Кинезите го измислија за да се избегнат гужвите на патиштата? Оној тип на дизајн каде самиот автобус исто како да лета над автомобилите?

kina-vekje-go-izgradi-prviot-avtobus-koj-se-dvizi-nad-avtomobilite-01.jpeg

Во Кина тој веќе е и направен.

„Transit Elevated Bus“ или скратено, TEB, започна како идеја за да се намалат гужвите во Кина, а сега веќе е направен првиот прототип.

kina-vekje-go-izgradi-prviot-avtobus-koj-se-dvizi-nad-avtomobilite-1.jpeg

Автобусот е повеќе од 7.6 метри широк и 22 метри долг, а од долу има простор од 2.1 метри висина, што е доволно за повеќето автомобили да поминат.

Но, истото не важи и за комбињата и камионите.

Автобусот користи електричен систем и може да собере 300 патници. Се движи со брзина од 64 километри на час.

kina-vekje-go-izgradi-prviot-avtobus-koj-se-dvizi-nad-avtomobilite-2.jpeg

Автобусот веќе го имаше своето прво тест возење, но нема да бидат пуштени во сообраќајот сè додека не се сигурни дека идејата е комплетно организирана и безбедна.

kina-vekje-go-izgradi-prviot-avtobus-koj-se-dvizi-nad-avtomobilite-3.jpeg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg