„Интернет на нештата“ - Идеја од иднината која стана платформа на денешницата

Живееме во време на промени, кои и тoa како го менуваат стилот на нашето живеење. Многу нешта за кои сме можеле само да сонуваме, веќе се дел од секојдневието, а нештата кои некогаш ни се чинеа само како дел од научната фантастика, веќе се реалност.

internet-na-nestata.jpg

Живееме во свет на „паметни нешта“, каде имагинацијата на луѓето не познава никакви граници, а како никогаш досега технологијата е ставена во функција на   оптимизација и поголема ефикасност на бизнис процесите, како и на подобрување на личнIoT живот. Свет кадешто милијарда уреди се поврзани, зборуваат меѓу себе и учат и каде единственото ограничување е нашата фантазија. Многу нешта за кои сме можеле само да сонуваме, веќе се дел од секојдневието.

 „Ако првата револуција во светот на информатичката технологија беше изумот на самIoT компјутер, втората револуција појавата на интернетот, тогаш „Интернет на нештата“ можеме слободно да ја наречеме третата голема ИТ револуција што во моментов почнува, а која допрва ќе се разгори во светот“смета Мартин Михајлов, професор на Економски фалултет при УКИМ-Скопје. Во 2008 година, бројот на нештата кои се поврзани со интернет го надмина бројот на луѓето на Земјата. До 2020-та тој број ќе надмина 50 милијарди, што ќе доведе до целосно ново секојдневние и нов начин на користење на домашните уреди, мобилните и јавните сервиси, споделување на информации, ново користење на медицината итн..

 „Интернет на нештата“  или “Internet of things“ (IoT) е всушност платформа којашто ги поврзува електронските уреди, но и уредите со производи кои не се електронски и ги оспособува за комуникација. На пример, замислете си ситуација:  влегувате во својот стан и музиката што сте ја слушале преку своите слушалки по пат накај дома, автоматски продолжува да свири преку звучниците од дневната соба, веднаш штом го пречекорувате куќнIoT праг. Или пак, машината за перење, сама се вклучува во моментот кога ќе прими информација дека има евтина струја и за тоа сте известени преку вашIoT мобилен телефон.  Платформата  е применлива во која било област. На пример: македонска винарија со помош на SmartWine апликација за интелигентен мониторинг на лозови насади, која базира на cloud сензорска мрежа што се поставува на насадите брзо добива информации за состојбата, и веднаш реагира и ги презема потребните мерки.  Потребна е само добра интернет конекција за да можат уредите да комуницираат меѓу себе преку вградување на компјутерски чип или сензори.

Луѓето ќе комуницираат со здравствените организации преку своите мобилни уреди, со вграден чип, со што далечински ќе се следи нивното здравје, ќе се мери температурата, пулсот, а ќе биде овозможена дури и виртуелна нега. Фрижидер што самIoT нарачува храна од маркет, ветерници што сами „одлучуваат“ кога да работат, автомобили што сами дијагностицираат дефект и се јавуваат на сервис… Ова е иднината што почнува да се случува сега, и во која животот ќе биде многу полесен. „Интернет на нештата“ подразбира М2М (машина до машина) решенија кои вклучуваат хардвер, софтвер и поврзување и кои се применливи во индивидуални цели или пак за компаниите како крајни корисници. Паметните уреди поврзани преку „Интернет на нештата“ - IoT засега имаат поголема примена во рамките на индустријата, а помалку во домаќинствата, но до 2020 година се очекува да има над 30 милијарди уреди кои ќе функционираат по принципот на IoT.

Развивачите на IoT решенија од осум земји во Европа, дефинитивно имаат голем креативен предизвик. Тоа се однесува и за македонските развивачи кои преку „Business Wall of Fame” https://www.wallofbusiness.com/ меѓународнIoT натпревар во рамките на Дојче Телеком групацијата, имаат можност да пријават „Internet of Things“ решение, да добијат награда, интернационална промоција и можност нивното решение да биде продадено на интернационалнIoT пазар.

 

Fleet Management – македонско IoT решение

Дека во Македонија има потенцијал да се развиваат апликативни ИТ решенија кои сериозно можат да им помогнат на бизнисите, потврда е  решението Fleet Management. Станува збор за интегрирано, лесно прилагодливо и квалитетно компаниско решение за лоцирање, следење, управување и контрола на вознIoT парк. Сите возила се опремени со вградени GPS уреди коишто ги следат позицијата и параметрите на возилото (брзината, километражата, горивото, итн..) и праќаат податоци до Fleet Management серверот кој врши анализа на добиените податоци и овозможува нивен приказ на дигитална мапа или преку различен тип на извештаи. Компаниите со ова решение добиваат: намалена потрошувачка на гориво, намалени трошоци за одржување, намален број на неовластени возења, оптимизација и поголема безбедност.

За тоа сведочи и искуството на Македонска пошта,корисници на ова решение од портфолIoTо за деловните корисници на Македонски Телеком.

„Македонска пошта во 2012 година го имплементираше решението на Македонски Телеком за контрола на вознIoT парк. Во овој период од речиси 4 години, постигнати се директни заштеди од повеќе од 20% и зголемување на ефикасноста на доставување на пратките за повеќе од 30%. Свесни сме дека овој резултат немаше да го постигнеме без успешната имплементација на оваа технологија на Македонски Телеком, прилагодена за нашите потреби“- велат од Македонска пошта.

Целта на сите слични решенија, како и на решенијата поврзани со „Интернет на нештата“  е на поединецот да му се поедностави животот, на компаниите да им се намалат трошоците од работењето, да се зголеми продуктивноста, и сето тоа да функционира некаде на облак, односно, cloud. Впрочем, што сè ќе се случува во оваа индустрија и не можеме да знаеме... лимит се само облаците.

Би можело да ве интересира:

Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg