Зошто WhatsApp е најсигурната апликација за допишување?
Популарната апликација за допишување WhatsApp своите корисници ги изненадува со нова, побезбедна можност.
Се работи „end-to-end“ енкрипција која се смета за најбезбеден начин за размена на пораки, а таа автоматски ќе биде вклучена за сите корисници.
Сега за сега оваа можност ја имаат само корисниците на Android оперативен систем, но се очекува дека наскоро ќе се појави и за корисниците на iOS.
„End-to-end“ можноста значи дека ниту самата компанија на WhatsApp нема да може да ги прочита и дешифрира пораките кои корисниците ќе ги разменуваат.
Клучевите за дешифрирање на пораките ќе ги имаат само двата корисници кои се допишуваат, па содржината на истите ќе остане потполно заштитена.
Моментално постојат и други апликации кои го користат овој вид на заштита, но WhatsApp е најпопуларна од сите нив.
Развивањето на оваа функција траело цели 6 месеци, по што корисниците на Android конечно може да го испробаат крајниот резултат.