Таа ќе го промени Apple: Angela Ahrendts

Минатата есен, кога Angela Ahrendts најави дека ја напушта врвната позиција во Burberry за да биде заменик претседател за продажба во Apple, многумина беа зачудени.

taa-ke-go-promeni-apple-angela-ahrendts-01

Не само што е шок преминувањето од модниот свет во технолошкиот, туку и идејата дека некој оди наназад кога станува збор за позициите.

Но, предизвикот за освежување на продажбата на Apple беше нешто неверојатно привлечно за оваа амбициозна жена, па не успеала да го одбие и игнорира.

Ако го погледнете нејзиното CV, брзо ќе разберете зошто Apple ја одбра токму неа.

Во 8те години управување со Burberry, не само што тројно ја зголемила заработката на компанијата, туку и го трансформирала овој бренд во дигитален.

Веќе во тој момент влегла во светот на технологијата, иако е во модниот бизнис.

На прв поглед, бизнисот на Apple цвета, со годишен приход од 20 милијарди. Но, по отворањето на 26 нови салони во 2013 година, цифрите од прометот стагнираат.

Задачата на Анџела ќе биде да го оживее дизајнот на салоните и корисничките услуги, по кои компанијата ќе се издвојува од останатите.

Нејзината главна задача ќе биде да поработи и на онлајн продажбата, која беше една од најзначајните иновации воведени во Burberry.

Би можело да ве интересира:

Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg