Чистењето никогаш не било полесно: Роботи кои летаат и чистат
Ако треба да му се верува на колумбискиот дизајнер Адриан Перез Запата – на домаќинките ќе им се „раздени“. Тој смислил „мини бумбари“ роботи кои летаат и чистат по дома.
Идејата за бумбарите, летачки роботи кои чистат е, велат во компанијата "Electrolux" одлична бидејќи го подржува вистинскиот природен концепт.
Од вшмукување до чистење на тоалети, сите домашни работи на кои жените трошат и до две години од својот живот ќе бидат минато. Еден клик е доволен за да се придвижи „бумбарот“ кој се вика The Mab".
Иако делува нежно, во прашање е сложен автоматски систем за чистење.
- „The Mab" прво ја скенира состојбата во домот, потоа праќа 908 ситни летачки роботи кои чистат сè од врвот до дното на куќата. Идејата ја добив за време на студиите. Седев сам во дворот и го набљудував летот на пчелите и начинот на кој тие го вршат опрашувањето. Бев фасциниран со нивниот ритам на работа.
Иако сè уште не е во продажба, овој производ е создаден како плод на долгогодишното истражување во Electrolux Design Lab, а експертите веруваат дека тоа значајно би можело да го олесни животот на домаќинките.