Зошто младите се селат на Твитер?

Истражувачкиот центар PEW од Америка во анализата направена минатата недела дојде до сознание дека младите американци се почесто се решаваат да го избришат својот Фејсбук профил и да преминат на Твитер.

zoshto-mladite-se-selat-na-tviter-1

Пресметано е дека скоро 94% од младата популација користи Фејсбук, но не така активно како во почетокот и сè почесто преминуваат на Твитер.

Одговорот лежи во тоа што на Твитер има помалку постари луѓе, помалку родители, помалку глупави фотографии, помалку лажни пријатели и помалку драма околу сè и сешто.

Она што е загрижувачко е податокот дека повеќе од 60% од младите се изјасниле дека воопшто не обрнуваат внимание за она што го поставуваат, податокот дека споделуваат приватни детали и информации кои лесно можат да бидат злоупотребени.

Анализата покажува дека дупло повеќе приватни информации се споделени на социјалните мрежи во 2012, отколку во 2011 година.

Многу млади признале дека се случувало да бидат навредени од некој коментар, па го избришале, или дека често некој се обидува да им влезе во пријатели под лажно име и профил.

„Тие делат сè на своите профили. Буквално си го разголуваат животот и не се грижат за тоа, а тоа може да биде многу поопасно од што мислите.“ – вели Пари Афтаб, специјализран адвокат за детска безбедност на интернет.

Би можело да ве интересира:

На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg