Смартфон кој може да тестира СИДА
Научници од Јужна Кореја и од Јужна Африка задно работеле на проект за изработка на паметен телефон кој ќе може да направи тестирање за СИДА, а новитетот е наречен „сматрскоп’.
Заедничкиот научен тим развил софтвер и микроскоп, кој ќе може да фотографира примероци од крв и да ги анализира, што ќе биде од особена важност за областите во коишто нема лаборатории во кои се вршат тестови за СИДА.
Јунг Кјунг-Ким од јужнокорејскиот Универзитет Кукминм изјави дека цел на уредот е да се добие фотографија преку апликациите развиени за смартфоните.
Новиот паметен апарат наречен засега „смартскоп“ се состои од милиметарски микроскоп. Кога примерокот од крвта ќе се стави пред микроскопот, апликацијата на смартфонот прави фотографии од примерокот и ги анализира ќелиите на крвта.
01.08.2012 (Макфакс)