Германка потрошила 60.000 евра на тетоважи – почнала да ги става омилените супер-херои на синот, луѓето ја осудуваат
- Детали
- среда, 12 мај 2021
Јулијана Фирстер од Оберндорф, Германија потрошила речиси 60.000 евра на тетоважи инспирирани од стрип јунаците што се омилени на нејзиниот прв син Константин. Оваа 33-годишна жена е мајка на две деца, постариот син Константин кој сега има 15 години и помалиот син Конор кој има две години, но и маќеа е на 5-годишниот Тајлер.
Со цел да стави насмевка на лицето на нејзиниот син Константин, кога тој имал 3 години, Јулијана прво истетовирала слики од неговите омилени херои Спајдермен, Ајронмен и Капетан Америка на нејзината нога.
Оттогаш, па досега, нејзината колекција со тетоважи инспирирани од стрип-јунаците само растела, па 33-годишната мајка што првата тетоважа ја направила кога имала 18 години, сега открива дека само десниот образ на задникот и лицето ѝ се без уметност.
На ногата има лого на „Авенџерс“, верзијата на Хит Леџер на „Темниот витез“, но и маската на „Анонимуси“.
„Отсекогаш ме фасцинирале тетоважите затоа што секое уметничко дело е уникатно. Имав толку многу различни тетоважи, што просто е невозможно да ги избројам, затоа што тие често се преклопуваат и се спојуваат. Го покрив целото тело со тетоважи, а имам само едно мало место на десниот образ на задникот, што ќе биде покриено во иднина.
Кога син ми имаше три години, сакаше да ги истетовирам неговите омилен стрип-јунаци. Многу сакам да ги гледам филмовите снимени според стрипови со син ми и не можам да дочекам да му ги претставам на најмалиот син Конор и на посинокот Тајлер (5)“ – вели таа.
Таа напоменува дека со парите што ги потрошила на тетоважи, можела да си купи убав автомобил, но како што вели, тетоважите се мошне убави и ѝ значат многу.
Јулијана сега работи како модел и досега има 142.000 следбеници на Инстаграм, но како што вели, не наидува на позитивни коментари во заедницата каде што живее. Како што појаснува, таа живее во село во Германија, а локалното население не е навикнато да гледа во луѓе со многу тетоважи.
„Таму каде што живееме тетоважите уште не се проширени, па луѓето изгледаат малку запрепастено кога ќе ја видат уметноста на моето тело, но светот се менува, па се надевам дека и ставовите кон ваквата уметност ќе се променат“ - вели Јулијана.
Освен тоа, таа вели дека се соочува и со коментари на интернет каде луѓето знаат да ја наречат, „одвратна“, но сепак е задоволна затоа што нејзините шарени тетоважи сепак оставаат впечаток.
Во продолжение повеќе фотографии од Јулијана:
Б. С. Б. | Црнобело