„Работев на снимањето на серијата Sex and the City – искуството беше ужасно“
- Детали
- вторник, 30 март 2021
Хедер Кристин ја заменувала Кристин Дејвис во улогата на Шарлот од култната серија во миговите кога се правело подготовка за снимањето пред да дојде Дејвис. Таа раскажува како изгледала нејзината работа, но и немилите искуства на сетот.
Хедер Кристин (47) е жена која била дел од снимањето на четири сезони на хит серијата Sex and the City и работела како замена за актерката Кристин Дејвис, која го глумеше ликот на Шарлот.
Замена за главната актерка значи актерка која личи на неа и ја претставува кога се мести сцената, се поставува осветлување и слично, пред на сет да дојде главната актерка.
Но, Хедер не носи добри спомени од тој период. Вели дека било токсично да се биде дел од сетот, дека трпела понижувања и злоупотреби и дека токму затоа одлучила да го напушти Холивуд засекогаш.
Таа морала да глуми сцени наместо Кристин Дејвис како посета на гинеколог кога нозете ѝ биле раширени и со селотејп залепени за да не мрда. Вели дека образите ѝ гореле од непријатност додека била во таа компромитирачка поза.
Открива дека ѝ се случувало да заспие на столче на сет по напорно работење повеќе од 60 часа неделно. Во една таква пригода луѓе од сетот ја исмејувале. Тие ја залепиле за столот додека спие и снимале потценувачки видеа од неа.
Потоа додава дека добивала негативни коментари за изгледот на нејзиното тело, но не се жалела затоа што ѝ било страв дека ќе ја изгуби редовната плата.
Почнала да ги избегнува заедничките простории каде се ручало и на страна си свирела виолина на паузите од снимањата.
„Сфатив дека да се биде актер не е добар избор на кариера за здравјето, па почнав да си барам нов пат за себе“, вели Кристин.
Таа додава дека колега на снимањето ѝ кажал дека нејзиниот нос е преголем за на екран и дека затоа никогаш не ѝ дозволуваат да снима говор на сет.
Вели дека уште во првиот ден на работа некој член од екипата се жалел дека таа е малку повисока од Дејвис, па затоа не треба да ѝ го дадат работното место како нејзина „заменичка“.
Кристин вели дека се снимало по 16 часа на ден. Но, додава и дека имало доста позитивни искуства на сетот како соработката со актерките Сара Џесика Паркер и Кристина Дејвис.
С. С. | Црнобело