Швајцарка потрошила 43.000 евра на пластични операции (фото)
- Детали
- вторник, 20 ноември 2018
За жал, пластичната хирургија зема огромен замав низ светот, а некои луѓе се одлучуваат на драстични чекори.
Селин Сентино (24) потрошила 43.000 евра на пластични операции. Оваа девојка од Цирих, Швајцарија, вели дека во училиште ја викале „грда“ и постојано се соочувала со задевање, па затоа се одлучила на ваков потег.
Таа досега има направено три пластични операции на градите, потоа операции на носот, јаболчниците, усните и брадата.
„Отсекогаш бев среќна, но не се чувствував добро во својата кожа. Многу луѓе ме осудуваа затоа што сум „грда“ и се претворив во тажна личност.
Сакав да бидам среќна повторно, па променив сè што не ми се допаѓаше на мене. Поради задевањата на училиште постојано се преправав дека сум болна само за да не одам и да се соочувам со тоа.
Сега се чувствувам добро и конечно можам да го живеам животот што го посакувам. Кога некој ќе каже нешто лошо за мене, повеќе не ми е грижа“, изјави Селин, која додава дека актерката Памела Андерсон отсекогаш ѝ била идол.
Некои велат дека Селин изгледа добро, други дека изгледа пластично и претерано. Што мислите вие?
Нејзината драстична трансформација:
С. С. | Црнобело