Како медиумите го претставуваат принцот Чарлс, а каков е тој во реалноста?
- Детали
- среда, 15 август 2018
Сите ги обожаваме Вилијам, Кејт, Хари, Меган, па дури и кралицата Елизабета, но дали некому му е омилен принцот Чарлс?
Во медиумите постојано осамнуваат тон информации за британското кралско семејство, но дали сликата што ја добиваме за нив е вистинска? Какви се тие во своето секојдневие, далеку од камерите?
Принцот Чарлс во медиумите е прикажан како студен и неемотивен човек. Но, како сите да подзабораваат дека едно од главните кралски правила е да не се покажуваат емоции во јавност. Се разбира, некои од кралските припадници го прекршуваат од време навреме, како на пример принцот Хари и Меган Маркл кога се држат за раце.
Принцот Чарлс ги почитува правилата и затоа на него гледаат како на студен човек, а и поради однесувањето во бракот со принцезата Дијана.
Дел од твитовите за него:
In honor of the #royalwedding the weather here in Chicago is just like Prince Charles- cold and foggy.
-->— BRENDAN (@Ctb22684) May 19, 2018
Prince Charles really is a horrible horrible man. Diana didn’t deserve the way he treated her.
-->— K🌙 #TeamLaVoix (@KimK8415) July 31, 2018
Charles did not give Diana a hint of respect. And zero love, for sure.
— Sandra 💔🇺🇸 (@SandraSBreen) August 9, 2017
Сепак Џозеф Сисио, кој има работено како консултант во кралското семејство, вели дека принцот Чарлс е сосема поинаков од тоа како го претставуваат медиумите.
Сисио во медиумите проговори за нивната прва средба:
„Тој е многу искрен, има одлична смисла за хумор, беспрекорно е облечен и ве гледа директно во очи... Тој човек го има најлошиот ПР на светот, затоа што не е воопшто како што очекувате. Тој е прекрасен. Многу е дарежлив и посветен на своите обврски.
Исто така, искрено е загрижен за околината и за сиромаштијата во светот. Принцот Чарлс поддржува голем број на хуманитарни организации, гради училишта, болници, но луѓето не знаат многу за тоа.“
С. С. | Црнобело