Како изгледа човекот кој дал 100.000 долари за тетоважи од глава до пети? (фото)
- Детали
- среда, 07 јуни 2017
Тетбој Холден (да, тоа е неговото вистинско име) има тетоважи на целото тело, од глава до пети, дури и на очите.
48-годишниот Холден од Аделаида, Јужна Австралија, започнал да се тетовира уште во 1987-та година и оттогаш па навака има потрошено 100.000 долари (односно 88.806 евра) и поминал 1.000 часови во тетовирање.
„Истетовирав орел на себе веднаш штом наполнив 18 години“ - вели тој, и не планира да сопре со тетовирање, а веќе целото тело е пополнето со мастило.
„Кога шетам во јавност, одредени луѓе знаат да се тргнат на страна или да ме гледаат чудно. Мислат дека сум чудак, но јас знам дека само посакуваат да бидат како мене.“ - објаснува тој.
Признава дека заради тетоважите многу луѓе мислат дека е гангстер или моторџија, но е убеден дека сите се само љубоморни.
„Немам што да докажувам на никого. Ако подобро ме запознаете, ќе сфатите дека нема ништо страшно околу мене“ - заклучува.
Претерал или не?
Н. Г. | Црнобело