Голтнал 67 пакетчиња кокаин
- Детали
- вторник, 01 декември 2009
Шверцер на дрога проголтал 67 пакетчиња кокаин за да помине на Британската царина. Студентот Фиделис Озули (30) го ризикуваше својот живот за...
... да сокрие 1кг дрога во својот стомак.
На полицијата на Аеродромот во Манчестер, Озули им бил сомнителен бидејќи изгледал невообичаено подуен. Од таа причина специјално бил донесен рентген чии X-зраци го провериле неговиот стомак.
Шокантно, било откриено дека во него има количина на кокаин еднаква на две кеси шеќер. Дрогата се проценува дека вредела 274.000 евра. Кога била пронајдена дрогата, Озули тврдел дека наводно не знаел дека пакетчињата биле полни со дрога.
Озули, кој потекнувал од Нигерија, студирал во Лондон, и за овој обид за шверц заработил затворска казна од 10 години. Покрај се, тој продолжувал да одрекува дека знаел за дрогата која ја проголтал.
Кога полицијата го запрела Озули за регуларна проверка, тврдел дека се враќа од деловно патување од Цирих, поточно од средба со една фармацевска компанија. Сепак доказите покажале дека допатувал од Цирих најпрво од Африка.
Вработените во истражната служба објаснуваат дека тестовите кои ги направиле на проголтаната дрога покажуваат дека чистотата на кокаинот е значително повисока од онаа што била претходно пронајдена во слични случаеви. Додаваат дека со самото проголтување на дрогата, Озули се изложил на голем ризик.
Нивото на чистота на дрогата исто така го зголемува ризикот за сериозни последици кај шверцерот, кој во најлош случај може да предизвика смрт.
Сепак, Озули не е најголемото достигнување на шверцерите на дрога во Британија. Во 2003 година во стомакот на еден шверцер се пронајдени 39 пакети или 1,5кг дрога.