Девојче родено со голем белег на лицето зрачи позитива - Делумно ѝ е отстранет, но ја чекаат уште операции
- Детали
- недела, 10 септември 2023
Малата Луна била родена со голем темен белег на лицето. Но, откако некоја жена ја нарекла чудовиште, мајка ѝ сфатила дека најдобро ќе биде да најде начин да го отстрани. По шест операции во САД, белегот на Луна е речиси целосно отстранет, а допрва ја чекаат и други операции на лицето. И покрај ова, слаткото девојче зрачи со среќа и позитива.
Каролина и Тијаго Таварес од Португалија ја добиле ќерката Луна во 2019 година. Штом ја виделе, сфатиле дека имаат прекрасно и уникатно девојче.
Малата Луна се родила со голем темен белег, кој ѝ го покривал скоро целото лице.
Белегот се простирал околу очите, на дел од челото и на скоро целите образи.
Каролина и Тијаго биле пресреќни за нивното прекрасно девојче, но набрзо сфатиле дека белегот може да биде пречка во нејзината среќа.
Иако Луна е преслатка на фотките кога е бебе, некоја злобна жена ѝ рекла на мајка ѝ дека девојчето личи на чудовиште.
Овие зборови ја повредиле Каролина и таа почнала да се прашува дали ќерка ѝ ќе биде малтретирана од другите поради нејзиниот белег.
Па, со сопругот одлучиле да најдат начин да ѝ го отстранат белегот на Луна.
Уште пред Луна да наполни една година, семејството отишло во САД каде што имало третман за Луна.
Бидејќи станувало збор за скапа процедура, Каролина и Тијаго штеделе, а добиле и огромна финансиска помош од анонимни донатори.
Во САД, Луна добила дијагноза и лекарите изјавиле дека можат да го отстранат белегот.
По шест третмани, денес белегот на Луна е речиси целосно отстранет.
Во неодамнешна Инстаграм објава, мајката на Луна откри дека ќе треба да ѝ прават уште операции за целосно да го отстранат белегот, но и лузните од лицето.
Но, засега чекаат бидејќи операцијата треба да биде направена во Русија, а Каролина и Тијаго сметаат дека моментално не е најбезбедно.
Профилот за Луна што го води Каролина има над 373.000 следбеници, а малото девојче добива само комплименти и пофалби од следбениците.