Дечко од Данска ги посетил сите држави во светот за 10 години (без авион) - бил и во Дојран и Валандово
Тор стравува и дека можеби ја пропуштил можноста да основа семејство со сопругата Ле.
„Сопругата не ме спречи да го направам она што сакав, но се двоумеше бидејќи повеќе сакаше да гради живот со мене, да се буди покрај мене.
Но, беше прекрасна, добив огромна поддршка и заедно имавме уникатни искуства ширум светот. Сепак, со секоја нејзина посета беше потешко.
Секојпат кога ја носев на аеродромот ми се кршеше срцето. Мразев да се враќам во хотел сам. Стана навистина тешко“.
Но, и Тор и Ле сметаат дека имаат цел живот пред нив и многу заеднички мигови.
Во 2017-та, Данецот ја посети и Македонија која била 134-та држава на неговата листа.
На Инстаграм тој сподели фотки од неколку локации, вклучувајќи ги Скопје, Валандово и Дојран.
Според неговите објави, Тор е воодушевен од македонската храна.
Спирова С. | Црнобело