Шпионирање со дрон, силувач во одбојкарскиот тим на Холандија – Најголемите скандали од Олимписки игри 2024
Холандија прати натпреварувач обвинет за силување
Холанѓанецот Стивен Ван де Велде е дел од одбојкарскиот тим на Холандија на Игрите, без разлика што во 2016-та беше осуден за силување 12-годишно девојче.
Тој помина и една година во затвор.
Поради критиките од јавноста, на одбојкарот му беше забрането да дава медиумски изјави.
Прочитајте повеќе: Силувал 12 годишно девојче, бил 1 година во затвор – Најскандалозниот учесник на Олимпијадата во Париз
Капитенката на гимнастичарскиот тим од Јапонија беше дисквалификувана
Кратко пред почетокот на Игрите, Шоко Мијата беше дисквалификувана од гиманстичарскиот тим на Јапонија поради пушење и пиење алкохол.
Таа има 19 години, а во Јапонија пушењето и пиењето алкохол се забранети за помлади од 20 години.
Без разлика што се очекуваше да ѝ однесе злато на земјата, Јапонија сепак ја отстрани од тимот.
Коментатори упатија сексистички навреди кон спортистки
Неколку коментатори беа остро критикувани од француското здружение на спортски новинари поради нивните сексистички навреди.
За време на тениски натпревар, за една од тенисерките, еден радио водител изјави:
„Од левата страна ја гледаме Сара Ерани… Таа прави сè – пере, готви, мете…“
Изјавата беше остро осудена од другите спортски новинари, кои истакнаа дека „на меѓународен натпревар, нема место за вакви сексистички коментари“.
Претходно, друг спортски коментатор беше отстранет од програмата за изјава по победата на женскиот австралиски тим во пливање.
Коментаторот изјави дека иако трката завршила, пливачките останале во базенот бидејќи „жените се такви, се влечкаат, се шминкаат…“
https://twitter.com/AGoonersThought/status/1817712918370152930
Пливачи од Кина се најдоа среде скандал со допинг
Пливачите кои годинава ја претставуваат Кина на Олимписките игри се среде скандал, и тоа поради Игрите од 2021-ва во Токио.
Имено, неодамна се дозна дека половина од кинеските пливачки кои се натпреваруваа во Токио, биле позитивни на забранети супстанции.
Потоа се дозна и за сличен случај од 2022 година, кога двајца пливачи од Кина користеле забранети супстанции.
Дел од пливачите кои претходно добиле позитивни тестови се натпреваруваат и во Париз.
Наводно, истрагата покажала дека и во двата случаи, пливачите добиле позитивен тест бидејќи јаделе храна на која имало траги од супстанциите.
Сепак, многумина сметаат дека треба да бидат дисквалификувани.
Украдени 11 Hermès чанти
Овој скандал е само делумно поврзан со Игрите, но вреди да се спомне.
Принцеза од кралското семејство од Катар одлучила да оди во Париз со воз, наместо со приватен превоз.
Со себе носела 11 Hermès чанти, како и вреден накит, кои ѝ биле украдени од возот.
Наводно, француската полиција уште работи на случајот и засега не се познати многу информации во јавноста.
Спирова С. | Црнобело