Марк Ентони (54) ѝ го милува трудничкото стомаче на сопругата (23) - таа е една од најубавите жени на светот
- Детали
- петок, 24 февруари 2023
На првото јавно појавување по свадбата, Надја Фереира е во поодмината бременоста и блеска како никогаш претходно. Марк е воодушевен од својата нова, млада сопруга, 4-та по ред.
Марк Ентони нежно го милуваше трудничкиот стомак на својата сопруга Надја Фереира (23) на настан во Мајами, а поранешната Мис Универзум во елегантно издание уште еднаш докажа дека е една од најубавите жени на светот.
Ден по Валентајн парот ја објави веста за бременоста со фотка како Марк ја допира Надја за стомакот и открија дека ова им е најдобриот подарок од Бог и се чувствуваат благословено.
54-годишниот музичар изгледа пресреќно покрај Надја, која блесна на настанот во долг сатенски фустан.
Ова е четврти брак за Марк, а од бракот со Џеј Ло тој има близнаци.
Фотки од парот:
С. С. | Црнобело