Шакира првпат прозборе за разделбата со Пике: „Ова е најмрачниот период од мојот живот, ја жртвував кариерата за него“
Покрај разделбата, летово ситуацијата за Шакира и децата станала потешка и поради повреда на Пике, по што итно бил пренесен во болница.
Таа вели дека со децата морале да слушаат и да читаат за Пике, додека тој лежел во болница.
„Пробувам да ги заштитам што е можно повеќе. Навистина е разочарувачко за две деца кои пробуваат да ја преболат разделбата на нивните родители.
И некогаш се чувствувам како сето ова да е лош сон и дека во еден миг ќе се разбудам. Но не, вистина е.
Како што реков, ова е веројатно најмрачниот период од мојот живот. Но, потоа помислувам на сите жени ширум светот кои минуваат низ тежок период, кои минуваат низ ситуација која е лоша како мојата, па дури и полоша“.
Шакира вели дека и покрај сè, пробува да остане силна за нејзините деца.
„Ме прашувате како се справувам со ова. Само се справувам, претпоставувам. Се потсетувам дека треба да бидам пример за моите деца, дека треба да бидам она што сакаат, она што сакам да станат.
Исто така, сакам да бидам овде за сите луѓе кои ми покажаа поддршка и љубов. Тоа е мојата најголема сила“.
Ниту Шакира ниту Пике немаат прозборено за неверството на фудбалерот, но според изворите, пејачката го избркала од нивниот дом токму поради аферата.
Тие живееле одвоено неколку недели пред вестите за разделбата да допрат до јавноста.
Додека Шакира пробува да се справи со ситуацијата и да ги заштити децата, изворите тврдат дека Пике ужива во ергенскиот живот и постојано излегува.
Разделбата со Пике не е единствениот проблем на Шакира – шпанската влада ја обвини за затајување данок, поради што би можела да добие 8-годишна казна затвор.
Во интервјуто за Elle таа зборуваше и за ова, истакнувајќи дека не живеела долго во Шпанија за да мора да плаќа данок.
„Треба да се борам за она во коешто верувам, а ова се лажни обвиненија. Платив сè што тврдеа дека сум должела, дури и пред да ме тужат. Што значи, во овој миг не им должам ништо.
Се советував и со најголемите експерти за даноци, па сигурна сум дека она што го правев е коректно и транспарентно.
Додека бев во врска со Пике, бев на турнеја. Поминав над 240 денови надвор од Шпанија, па нема шанси да сум се квалификувала како жител.
Шпанските власти видоа дека сум во врска со Шпанец, па им станав мета. Јасно е дека ги сакаа парите без разлика на сè“.
Според изворите, Шакира планира да ја напушти Шпанија и сака да се пресели во Мајами со децата.
Спирова С. | Црнобело