Шакира првпат прозборе за разделбата со Пике: „Ова е најмрачниот период од мојот живот, ја жртвував кариерата за него“

„Некогаш мислам дека ова е лош сон од кој ќе се разбудам, но не, вистина е“ - Шакира прозборе за разделбата за Пике, изјавувајќи дека пробала да ги заштити децата, но и дека жртвувала многу само за фудбалерот да може да продолжи да освојува титули. Пејачката не сакаше да открие ништо за неговата афера и многу помладата девојка.

shakira-prvpat-prozbore-za-razdelbata-so-pike-ova-e-najmrachniot-period-od-mojot-zhivot-ja-zhrtvuvav-karierata-za-nego-001.jpg

Првпат по разделбата што ја шокира јавноста, Шакира прозборе за Пике, но одлучи да не спомне ништо за неговата нова, многу помлада девојка.

45-годишната пејачка и 35-годишниот фудбалер беа заедно 12 години и имаат две деца, а се разделија ова лето.

Во интервју за октомвриското издание на магазинот Elle, Шакира откри дека ова е најтешкиот период од нејзиниот живот.

shakira-prvpat-prozbore-za-razdelbata-so-pike-ova-e-najmrachniot-period-od-mojot-zhivot-ja-zhrtvuvav-karierata-za-nego-03.jpg

„Навистина ми е тешко да зборувам за ова, особено бидејќи ова е првпат да прозборам за ситуацијата во интервју. Молчев и само пробував да ја разберам целата ситуација.

И да, тешко е да се зборува, особено бидејќи уште минувам низ ова и бидејќи сум јавна личност и оваа разделба не е како обично раскинување. Не ми е тешко само мене, туку и на моите деца. Многу ни е тешко“.

shakira-prvpat-prozbore-za-razdelbata-so-pike-ova-e-najmrachniot-period-od-mojot-zhivot-ja-zhrtvuvav-karierata-za-nego-11.jpg

Пејачката вели дека постојаното внимание од јавноста дополнително ѝ ја отежнува ситуацијата.

„Пробував да ја скријам ситуацијата од моите деца. Пробав да ги заштитам, бидејќи тоа е најважната мисија во мојот живот.

Но, на училиште слушаат работи од нивните пријатели, или наидуваат на непријатни вести онлајн, и ова има влијание врз нив“.

shakira-prvpat-prozbore-za-razdelbata-so-pike-ova-e-najmrachniot-period-od-mojot-zhivot-ja-zhrtvuvav-karierata-za-nego08.jpg

На прашањето како сфатила дека дошол крајот на врската со Пике, Шакира одбиваше да сподели детали за аферата и неговата нова девојка.

„Мислам дека тие детали се премногу приватни за да ги споделам, барем во овој момент – уште сè ми е многу ново. Само можам да кажам дека вложив сè во оваа врска и моето семејство“.

shakira-prvpat-prozbore-za-razdelbata-so-pike-ova-e-najmrachniot-period-od-mojot-zhivot-ja-zhrtvuvav-karierata-za-nego-14.jpgПике со новата девојка

Пејачката откри дека пред децата да тргнат на училиште, таа живеела како номад. Потоа одлучила дека е најдобро да се пресели во Барселона поради кариерата на Пике.

Шакира истакнува дека за нејзината кариера би било многу подобро да живее во САД, но сепак му излегла во пресрет на фудбалерот.

„Едниот од нас мораше да направи жртва. И јас го направив тоа. Ја ставив кариерата во втор план и дојдов во Шпанија, за да го поддржувам и за тој да може да игра фудбал и да освојува титули. Тоа беше жртва од љубов.

Благодарение на тоа, моите деца имаа мајка која беше со нив, а јас ја имам оваа неверојатна врска со нив која е нераскинлива и која нè одржува. Тоа е сè што можам да кажам“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

2 години по разделбата со Пике, Шакира не се помирува: „Жртвував толку многу за него“ Шакира најавува нова песна која повторно му е посветена на Пике, а во изјава за ...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg