Беше најпозната порно актерка, а денес е неподвижна и 9 години не ги видела своите деца – Факти за Џена Џејмисон
За време на средното образование Џена двапати била жртва на сексуален напад.
Првиот пат, неколку момчиња од нејзиното училиште ја нападнале сексуално, а потоа и ја претепале. Вториот пат, Џена била нападната од чичкото на нејзиниот дечко, кој вели дека тие информации се лажни.
Џек бил мошне насилен партнер, што ја изневерувал и ѝ раскинувал. Така таа почнала да работи во порно индустријата за да му се одмазди.
Во 1991-ва година, на 17 години ги објавила првите разголени фотки, а во 1993-та година на 19 години го снимила првиот филм.
Во периодот кога работела како танчарка во Лас Вегас, најверојатно поради зависноста од метамфетамин Џена престанала да јаде по што следеле пореметувања во исхраната.
Една од нејзините пријателки толку многу била загрижена за неа, што веднаш му се јавила на татко ѝ да дојде да ја земе.
Во 2003-та година таа стапи во брак со продуцентот на филмови за возрасни Џеј Грдина.
Во 2004-та година, кај Џена беше забележен сомнителен израсток на кожата, заради што беа направени испитувања за рак. За среќа се покажа дека нема рак, но набрзо потоа доживеа спонтан абортус.
Таа се разведе во 2006-та година со Грдина, а потоа беше во врска со повеќе други познати личности.
Од врската со Тито Ортиз таа во 2009-та година ги доби близнаците Џеси и Џурни. Во периодот кога остана бремена со близнаците таа најави дека целосно се повлекува од порно филмовите.
Во 2010-та година Тито беше уапсен од полицијата, откако Џена го пријави за семејно насилство, а парот во 2013-та и официјално се раздели, по што Тито доби целосно старателство над децата.
Во 2012-та година Џена беше уапсена по сообраќајна несреќа откако беше утврдено дека консумирала опојни супстанци и алкохол.
По ова таа беше осудена на 3 години условно и парична казна.
Во 2015-та година таа се вери со израелскиот бизнисмен Лиор Битон, а во 2016-та година ја добија ќерката Бател, со помош на ин витро оплодување.
Во една пригода Џена откри дека нејзина најголема желба е Бател да ги запознае своите браќа.
Б. С. Б. | Црнобело