Беше најпозната порно актерка, а денес е неподвижна и 9 години не ги видела своите деца – Факти за Џена Џејмисон
- Детали
- недела, 11 септември 2022
Има близнаци што не ги видела околу 9 години, како мала додека татко ѝ бил отсутен од дома, рано почнала да користи опојни супстанци, а првиот порно филм го снимила на само 19 години. Денес е сосема неподвижна од редок синдром – Факти за Џена Џејмисон, најпознатата порно актерка...
Џена Џејмисон (47) важеше за една од најпознатите порно актерки во минатото. Откако се повлече од порно индустријата во 2008-ма година, таа беше застапник на правата на жените и девојчињата и гласно ги предупредуваше родителите да бидат вклучени во животот на нивните деца.
Во последниот период повторно беше актуелна откако објави на социјалните мрежи дека заради мистериозна болест останала целосно неподвижна.
Долго време се шпекулираше за нејзината здравствена состојба, па постоеја тврдења дека заболела од ХИВ, потоа дека лошата здравствена состојба ѝ е последица на вакцината против ковид, но таа и нејзиниот партнер се обратија на социјалните мрежи со цел да стават крај на гласините.
Нејзиниот партнер Лиор Битон на социјалните мрежи информира дека Џена неколку недели наназад не се чувствувала добро, постојано повраќала и била на лекар, но веднаш ја пуштиле дома.
„Потоа си дојде дома и беше неподвижна. Нејзините мускули и нозе беа мошне слаби. Не можеше да оди ниту во тоалет. Паѓаше кога се обидуваше да се движи, па морав да ја кревам и да ја носам во кревет.
По два дена, состојбата уште повеќе се влоши и нозете воопшто не ја држеа“ – рече тој и појасни дека веднаш потоа била пренесена во болница каде ѝ биле направени дополнителни тестови.
Од тестовите било откриено дека Џена боледува од реткиот Гилијан-Баре синдром, односно автоимуно заболување кое предизвикува кај лицата имуниот систем да ги оштетува нервите, заради што предизвикува слабост во мускулите и парализа. Симптомите може да траат од неколку недели до неколку години.
Најчесто лицата во целост заздравуваат, но кај некои се јавува постојано оштетување на нервите.
Џена која, покрај близнаците што не ги видела со години, има и 4-годишна ќерка со израелскиот бизнисмен Лиор Битон, во моментов оди на физиотерапија, а во однос на шпекулациите дека болеста е последица на вакцината против ковид, таа само напиша на Инстаграм дека не примила никаква вакцина.
Што знаеме за познатата порно актерка?
Џена Џејмисон е родена во Лас Вегас во 1974-та година, а нејзиното вистинско име е Џена Мари Масоли. Уште од најмала возраст почнала да се занимава со балет, а од најмала возраст одела на избори за убавина за деца.
Кога имала 2 години, нејзината мајка починала од рак на кожата, а татко ѝ кој бил локален шериф постојано отсуствувал од домот и работел напорно за да обезбеди финансии за семејството.
Таа во една прилика изјави дека кога имала само 16 години, нејзиното момче Џек, кој тогаш имал 23 години и неговиот татко веќе ја подготвувале за да почне да работи во стриптиз барови и да снима порно филмови и затоа ги предупредува родителите постојано да останат вклучени во животот на нивните деца.
Џена сонувала дека ќе биде танчарка во Вегас како нејзината мајка. Таа рано почнала да користи опојни супстанци и алкохол и побегнала од дома за да живее со нејзиното момче Џек.
Според податоците, таа не можела да најде работа во пристојните претстави во Вегас заради висината, па почнала да работи во стриптиз клубови.