Беше алкохоличар, си ја уништи кариерата и се разведе – Како Бен Афлек си го среди животот пред да се смири со Џеј Ло?
- Детали
- сабота, 19 март 2022
Го допре дното - се разведе, кариерата му беше пред пропаст, а и неговите деца се плашеле од него. Како Бен Афлек успеа да си го промени животот по сите овие работи, пред да ѝ даде втора шанса на врската со Џеј Ло?
Во моментов во светот е актуелен филмот The Batman со Роберт Патинсон во главната улога, а треба да се потсетиме дека младиот актер (кој е најпознат по својата улога во сагата Twilight) ја доби можноста да го игра познатиот супер-херој од Готам откако Бен Афлек се откажа.
Во 2017-та година Бен Афлек (49) се откажа од улогата на Бетмен, беше на рехабилитација во 2018-та година, а откако неколку години беа разделени одлучи да се разведе од сопругата Џенифер Гарнер.
Денес повторно е среќен и во врска со својата некогашна свршеница Џенифер Лопез (52).
Познато е дека Бен Афлек во минатото повеќепати се бореше со пороците.
Тој беше на рехабилитација во 2001-ва, во 2017-та година и во 2018-та година поради зависноста од алкохол, а досега повеќепати отворено говорел за својата борба со пороците, за врската со неговата поранешна свршеница Џеј Ло, но и за бракот со Џенифер Гарнер (49) со која има три деца.
Во продолжение неколку интересни факти за тоа како по откажувањето од улогата на Бетмен, Бен во целост го промени сопствениот живот:
Во 2015-та година, дадилката на Бен и Џенифер Гарнер, Кристин Узониан излезе со шокантни тврдења дека имала афера со актерот, а истиот месец холивудската двојка го најави разводот. Џенифер Гарнер неколку месеци по најавата за развод даде кратко интервју во кое за него рече:
„Бевме разделени неколку месеци пред да слушнам за дадилката - таа нема никаква врска со нашата одлука да се разведеме. Таа не беше дел од равенството. Но, сепак беше лоша процена.
Бен е љубовта на мојот живот. Но, што ќе направам со тоа? Тој е најпрекрасната личност во јавност, најхаризматична, најдарежлива. Само многу е комплициран.“
Во 2017-та година Бен беше на рехабилитација поради зависноста од алкохол и во медиумите веќе се појавија шпекулации дека наводно се помирил со Џенифер Гарнер и дека сепак нема да се разведат. Сепак, во април 2017-та година неколку месеци пред да се откаже од улогата на Бетмен, двојката поднесе документи за развод.
За улогата на Бетмен, Бен се подготвуваше навистина сериозно. Неговиот тренер Магнус Лигбек откри дека вежбал доста напорно со цел да добие поуверлив изглед за улогата на познатиот херој од Готам.
Така, во 2017-та година, кога одлучи да се откаже од улогата, публиката беше изненадена. Во интервју од 2020-та година вели дека додека го снимал Justice Legaue се чувствувал целосно понижено и несреќно.
„Мислам дека воопшто не беше интересно. Потоа се случија некои ужасни работи. Но, тогаш одлучив дека повеќе нема да го правам ова“ – рече Афлек и додаде дека неговиот најдобар пријател Мет Дејмон имал огромно влијание врз тоа да ја донесе одлуката.
Во октомври 2018-та година Афлек објави на својот Инстаграм профил дека повторно е на рехабилитација и се заблагодари на луѓето што биле со него за време на најтешките мигови. Објавата беше направена само еден ден пред официјално да го финализира разводот со Џенифер Гарнер.