Роналдо е најплатен со 1,6 милиони долари – Колку пари добиваат познатите за една објава на Инстаграм?

Познатите личности освен тоа што заработуваат во нивните професии, дополнително во последниот период обезбедуваат приходи и како инфлуенсери на Инстаграм. Кристијано Роналдо се најде на врвот на листата со 1,6 милиони долари, а како стојат неговите „колеги“?

Ronaldo-e-najplaten-so-1,6-milioni-dolari-kolku-pari-zemaat-poznatite-od-edna-objava-na-Instagram-01.jpg

Според податоците на компанијата за маркетинг на социјалните мрежи Hopper HQ, напаѓачот на Јувентус и на португалската репрезентација се најде на врвот на листата со заработка од над 1, 6 милиони долари.

Роналдо на неговиот Инстаграм профил има речиси 308 милиони следбеници, а во однос на заработката го турна актерот Двејн Џонсон (The Rock) на второто место.

Оваа листа почна да се објавува од март 2017-тата година, а ова е првпат Роналдо да се најде на нејзиниот врв.

Компанијата анализира повеќе познати и лични податоци за да ја направи листата на најдобро платени познати личности и инфлуенсери на Инстаграм. Кога ги обработуваат податоците тие ја земаат предвид посетеноста на нивните профили, колку често имаат објави, но и бројот на следбеници.

Ѕвездата на франшизата Fast and Furoius, The Rock, во моментов има околу 250 милиони следбеници, а заработува 1,52 милиони долари од само една објава. На третото место е поп-пејачката Аријана Гранде со заработка од 1,51 милиони долари.

На листата на најдобро платени фудбалери се најде само уште еден спортист, а тоа е Лионел Меси, кој пак се најде на 7-мото место. Аргентинецот што има 224 милиони следбеници наплаќа по 1,1 милиони долари со што се најде на седмото место.

Во продолжение 10 славни личности што наплаќаат најмногу од Инстаграм пост (бројот на следбеници е преземен од официјалната листа):

Кристијано Роналдо – 295.984.958 следбеници – 1.604.000 долари

View this post on Instagram

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Двејн Џонсон (The Rock) – 242.182.295 – 1.523.000 долари

Аријана Гранде – 240.213.263 – 1.510.000 долари

https://www.instagram.com/p/CP6kQx3lmkF/?utm_source=ig_web_copy_link

Кајли Џенер – 237.603.576 – 1.494.000 долари

https://www.instagram.com/p/CQjQOQJnqdw/?utm_source=ig_web_copy_link

Селена Гомез – 233.494.368 – 1.468.000 долари

Ким Кардашијан – 225.742.794 – 1.419.000 долари

Лионел Меси – 215.727.437 – 1.169.000 долари

Бијонсе – 182.421.189 – 1.147.000 долари

Џастин Бибер – 176.806.227 – 1.112.000 долари

Кендал Џенер – 167.433.486 – 1.053.000 долари

https://www.instagram.com/p/CQpQHjVjcpy/?utm_source=ig_web_copy_link

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џорџина го покажа секси задникот додека ги вежба децата на Роналдо – по стапките на тато од мали ноз... 6-годишните близнаци кои Роналдо ги доби од сурогат, очигледно мора да се во фор...
Најскапите модни изданија на познатите дами на црвениот тепих Знаете ли дека впечатливиот жолт фустан што Ријана го носеше на Мет галата во 20...
По обвинувањата за силување, освои една од најубавите жени на светот: Која е девојката на Чак Бас од... Поранешната Мис тинејџерка на светот, Ејми Џексон скоро две години е во врска со...
Познати личности кои имаат повеќе хејтери, отколку фанови Веројатно очекувате на листата да се најде Амбер Херд. Но, кои се другите познат...
Бијонсе купи имот за 200 милиони долари: Најскапите куќи на познатите личности Покрај другите бенефиции кои може да си ги дозволат, славните личности поседуваа...
Карлос Солис од „Очајни домаќинки“ старее како виното: Како изгледа актерот 14 години по крајот на с... Со актерството започнал да се занимава во средно училиште за да успее да ја преб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg