Кети Пери не може да се насити од Аперол шприц во Венеција - со Орландо Блум на романтично патување
- Детали
- вторник, 15 јуни 2021
Орландо Блум и Кети Пери се возат со гондола, пијат коктели и разменуваат нежности на семејниот одмор во Венеција со нивната 10-месечна ќерка Дејзи, а дефинитивно изгледат посреќни од кога било.
На Кети Пери и Орландо Блум им годи семејниот живот, а тоа најдобро го покажуваат фотките од нивниот одмор во Венеција. Деновиве парот беше забележан во италијанскиот град, заедно со нивната 10-месечна ќерка Дејзи, и навистина изгледаат посреќни од кога било.
Орландо и Кети се возеа со гондола и пиеја коктели, а застанаа и на еден од мостовите во Венеција за да направат селфи додека се бакнуваат.
Потоа ја зедоа и нивната ќерка и продолжија со разгледувањето на градот.
И Орландо и Кети беа во опуштено издание. Актерот носеше панталони и бела маичка, а Кети одбрала тексас фустан и маичка на кратки ракави, во комбинација со бели патики, кафеава чанта и бејзбол капче.
Неодамна, пак, Кети прозборе за тоа каков родител е Орландо, нагласувајќи дека одлично се справува со оваа улога. Според пејачката, актерот, кој има и 10-годишен син со бившата Миранда Кер, е прекрасен татко.
„Имав можност да видам каков татко е. Начинот на којшто се грижи за неговиот син, колку се труди и колку далеку е подготвен да отиде за него. Си помислив ’Ете го таткото на моите идни деца‘. Можев да ги видам неговите добрина, емпатија и грижа“, вели пејачката.
„Ова му е прва ќерка, па е целосно поразлично за него. Многу сум благодарна што е покрај мене. Навистина ги покажува неговите емоции, а според мене тоа е посебно“.
Кети и Орландо ја добија ќерката Дејзи во август минатата година, а се верија во 2019-та, и тоа на Денот на вљубените. Кети дефинитивно има само најдобро зборови за нејзиниот сакан и во едно интервју го нарече и „светец“.
Пејачката вели дека врската со Орландо ѝ помогнала и полесно да ги преболи љубовните разочарувања од минатото.
„Секогаш ми се чинеше како да имам болка во моето срце поради љубовта. Но мојот вереник заврши одлична работа и ми помогна да го надминам тоа. Сум слушала за безусловна љубов, но сега вистински ја чувствувам“.
Спирова С. | Црнобело