Кул пар: Џејсон Стејтам (53) ја вози свршеницата Роузи Хантингтон Вајтли (33) на велосипед низ Лондон
- Детали
- вторник, 06 април 2021
Многумина ги нарекуваат најжешкиот пар во Холивуд, а тие се вљубени, како и првиот ден од нивната врска во 2010 година. Периодов уживаат во Лондон...
Џејсон Стејтам (53) ја вози својата свршеница Роузи Хантингтон Вајтли (33) на електричен велосипед низ Лондон. Актерот и супермоделот изгледаат кул и вљубено.
Тие се состануваат од 2010 година, а во една пригода Роузи изјави дека по првата средба со Џејсон ѝ се јавила на една пријателка и ѝ рекла: „Тој навистина не е е таков каков што мислев дека ќе биде. Тој е толку приземјен и скромен, навистина забавен, харизматичен и енергичен. Сите тие работи едноставно не ги очекував од него и токму тие ме привлекоа“.
Искрата помеѓу нив очигледно гори како на почетокот од нивната врска.
Парот во време на пандемијата сака да биде поблиску до своите семејства во Велика Британија, па според пишувањата на странските медиуми тие купиле куќа од 8.8 милиони евра во Челзи. Пред тоа беа стационирани во Калифорнија.
Во 2017 година парот го доби синот Џек.