„Сакав многу деца, но не го замислував тоа вака, не сум добра домаќинка“ – Анџелина Џоли искрена за мајчинството и животот

Во интервјуто за Vogue, Анџелина зборува за мајчинството, предизвиците со кои се соочува како мајка и домаќинка, но и за нејзината надеж за подобро утре.

ne-sum-najdobrata-majka-ne-znam-dali-sum-srekjna-andzhelina-dzholi-kje-ja-krasi-naslovnata-stranica-na-britanskiot-vogue-01.jpg

45-годишната актерка ќе ја краси насловната страница на британскиот Vogue, а во интервјуто сподели неколку детали од нејзиниот живот.

Таа вели дека периодов не е најсреќна, особено поради сè што се случи изминативе неколку години со неа и Бред, но сега е посилна од кога било и смета дека 50-тите ќе бидат најдобриот период од нејзиниот живот.

Актерката вели дека некогаш тешко се справува со улогата на мајка и домаќинка.

„Иако отсекогаш сакав да имам многу деца и да бидам мајка, некогаш си замислував и дека ќе патувам, ќе истражувам некоја џунгла некаде. Не го замислував мајчинството во традиционална смисла. Сметам дека ми недостасуваат вештините на мајките домаќинки. Но се справувам, бидејќи децата се навистина издржливи и ми помагаат, но не ми оди најдобро“.

ne-sum-najdobrata-majka-ne-znam-dali-sum-srekjna-andzhelina-dzholi-kje-ja-krasi-naslovnata-stranica-na-britanskiot-vogue-02.jpg

Актерката им се доблжува на 50-тите, но не се плаши од возраста, туку напротив, верува дека тоа ќе биде одличен период за неа.

„Се надевам дека 50-тите години од животот ќе ми бидат подобри. Мислам дека во 50-тите ќе ми се врати силата. Но, на пример, вчера скокавме на трамболина и децата ми рекоа да престанам бидејќи ќе се повредам. Си помислив дека тоа е смешно. Имаше период кога бев акциона ѕвезда, а сега децата ми велат да се тргнам од трамболината бидејќи ќе се повредам“.

Актерката прозборе и за нејзината соработка со Обединетите Нации, која трае веќе 20 години.

„Почнав во 20-тите, си облеков чизми, земав ранец и тргнав да сфатам што се случува со светот. Сакав да научам повеќе од она што сме го учела на училиште. Поминав низ период кога бев шокирана и гневна на системот кој толерира војни. Уште сум гневна за неправдата, но додека како помлада сакав да го срушам системот, сега научив дека морам да се борам за да го променам однатре“.

ne-sum-najdobrata-majka-ne-znam-dali-sum-srekjna-andzhelina-dzholi-kje-ja-krasi-naslovnata-stranica-na-britanskiot-vogue-03.jpg

Анџелина соработува со Marvel на нов филм, насловен Eternals, во кој ќе се појави и Салма Хајек. За новиот проект вели дека е забавен, но не ни помислувала дека во 40-тите ќе трча наоколу во оклоп за потребите на филм со суперхерои.

Џоли сподели дека периодов не е сигурна дали е среќна, но секогаш се надева на подобро утре.

„Не знам дали сум среќна. Изминативе неколку години беа многу тешки. Се фокусирав на закрепнувањето на нашето семејство. Постепено нештата се подобруваат, како да се стопил мразот и крвта да ми се вратила во телото. Но уште не сум таму. Сепак, се надевам дека ќе бидам. Планирам да стигнам дотаму.

Се чувствувам многу поудобно во 40-тите отколку кога бев помлада. Можеби затоа што… не знам. Можеби бидејќи мајка ми не живееше долго, па има нешто кај староста што ме тера да ја гледам како победа, а не да тагувам за тоа“.

ne-sum-najdobrata-majka-ne-znam-dali-sum-srekjna-andzhelina-dzholi-kje-ja-krasi-naslovnata-stranica-na-britanskiot-vogue-04.jpg

Моментално актерката живее со децата и вели дека најважно е тие да се чувствуваат сакано и безбедно. Анџелина има три биолошки деца со Бред Пит, како и три посвоени.

„Моите деца се од целиот свет. Кога го гледам Медокс во Камбоџа, знам дека тоа е неговиот дом. Тој потекнува од таму, но истовремено тој е и американски државјанин. Но, не е важно само тој да оди во Камбоџа, важно е и неговите браќа и сестри да видат од каде доаѓа. Благословени сме што имаме семејство од разни култури и раси. Сите учиме едни од други.

Мислам дека е многу важно што децата ме прифаќаат. Сепак, тоа им е најважното на многу родители. Уште поважно е кога станува збор за посвоени деца. Бидејќи, и тие треба да те одберат тебе“.

ne-sum-najdobrata-majka-ne-znam-dali-sum-srekjna-andzhelina-dzholi-kje-ja-krasi-naslovnata-stranica-na-britanskiot-vogue-05.jpg

За актерката е познато дека ги учи своите деца да бидат свесни за проблемите во светот, а ги охрабрува и да ги следат нејзините стапки и да помогнат кога се во можност.

Во интервјуто таа споделува и одличен совет за родителите кои сакаат да го направат истото:

„Можеби звучи чудно, но немојте да им давате должност да децата да бидат добри или да ги терате да му вратат нешто на општеството. Ако им помогнеме на децата да сфатат дека не е важна должноста или услугата или донирањето, туку радоста од тоа што можете да сретнете и да живеете со луѓе кои ги почитувате, тогаш ќе размислуваат многу поразлично“.

ne-sum-najdobrata-majka-ne-znam-dali-sum-srekjna-andzhelina-dzholi-kje-ja-krasi-naslovnata-stranica-na-britanskiot-vogue-06.jpg

„Со мајка ми бевме најдобри пријателки. Ги сакам моите деца и многу сакам кога разговараме до доцна во ноќта. Едноставно, многу сакам да се дружам со нив. Интересно е што тие мислат дека понекогаш правам глупости. Веќе сфатија дека кај мене нема ништо посебно. Дека, едноставно, сега сум само постара. Ги немам сите тајни за животот, само знаат дека им посакувам сè најдобро“, вели Џоли за односот со децата.

Анџелина сподели некој детаљ и за нејзиниот моден стил:

„Инвестирам во квалитетни парчиња облека и ги носам до последно. Чизми, омилен капут, омилена чанта. Не ја менувам облеката често. Со Захара, пак, си ги делиме и продуктите за убавина“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg