Нова холивудска врска: Оливија Вајлд (36) и Хари Стајлс (26) се криеле во дом на пријател + први заеднички фотки
- Детали
- вторник, 05 јануари 2021
По раскинувањето на свршувачката со момчето, Оливија Вајлд се впушти во тајна романса со помладиот колега Хари Стајлс, а гласините во јавноста започнаа да кружат откако беа забележани како се држат за рака, па се дозна дека пријател им го понудил својот дом за да бидат сами.
26-годишниот пејач и актер Хари Стајлс прифати улога во новиот филм режиран од Оливија Вајлд, Don’t Worry Darling, а заедничката работа веројатно ги зближила и предизвикала искри помеѓу колегите.
Оливија беше свршена со нејзиното момче со кое беше во врска 8 години, но наводно ја раскинале свршувачката во ноември, 2020.
Гласините за врската со 10 години помладиот пејач започнаа откако беа забележани заедно, како се држат за раце додека одат на свадба, a фотките беа ексклузивно објавени од Page Six.
фото: Page Six
фото: Page Six
Неодамна, славниот пар беше повторно забележан пред домот на Хари, облечени во лежерни аутфити.
„Оливија и Хари се зближија многу и поминуваат многу време заедно во последните недели. Таа неколкупати го посетува неговиот дом“ – вели извор за DailyMail.
Последните гласини за парот се поврзани со Џејмс Корден, кој наводно им го понудил својот дом во Калифорнија, каде се снимал филмот, за да бидат сами и да можат да ја зачуваат во тајност нивната врска додека снимаат.
М. М. | Црнобело