Анџелина Џоли и Бред Пит – 10 славни разводи што никој не ги очекуваше

Бред Пит и Анџелина Џоли, Крис Мартин и Гвинет Палтроу, Џони Деп и Амбер Херд - за некои славни парови, никој не ни помислуваше дека некогаш ќе се разделат.

andzhelina-dzholi-i-bred-pit-10-slavni-razvodi-shto-nikoj-ne-gi-ochekuvashe01.jpg

Славните постојано почнуваат врски и раскинуваат, стапуваат во брак и се разведуваат, но некои славни парови изгледаат толку добро заедно, што воопшто не би ни помислиле дека ќе се разделат.

Но, некогаш луѓето се оддалечуваат, се создаваат секакви проблеми, па без разлика колку биле вљубени на почетокот, сфаќаат дека не можат да продолжат заедно.

Погледнете ги 10-те славни разводи што никој не ги очекуваше:

Ченинг Тејтум и Џена Деван

Бракот на Ченинг и Џена изгледаше како еден од најстабилните во Холивуд. Тие се запознаа на снимањето на филмот Step Up и се венчаа во 2009 година, а јавноста беше шокирана кога се разделија во 2018-та, после речиси 10 години во брак.

Денес тие заедно се грижат за нивната 6-годишна ќерка Еверли.

andzhelina-dzholi-i-bred-pit-10-slavni-razvodi-shto-nikoj-ne-gi-ochekuvashe-02.jpg

Бен Стилер и Кристин Тејлор

Актерите Бен Стилер и Кристин се венчаа во 2000, а се разведоа цели 17 години подоцна и ова дефинитивно беше развод што никој не го очекуваше.

Парот се запозна во далечната 1999-та, а заедно имаат две деца – Квин и Ела.

andzhelina-dzholi-i-bred-pit-10-slavni-razvodi-shto-nikoj-ne-gi-ochekuvashe-03.jpg

Бен Афлек и Џенифер Гарнер

Бен и Џенифер беа пример за стабилна врска во светот на шоу-бизнисот, но на крај и тие се разделија.

Парот се венчаше во 2005, а дотогаш и двајцата имаа по една сериозна врска – Афлек беше верен со Џенифер Лопез, а Гарнер беше и во брак. После цела деценија заедно, во 2015-та парот ги соопшти вестите за нивната разделба. Во 2018-та тие официјално се разведоа.

andzhelina-dzholi-i-bred-pit-10-slavni-razvodi-shto-nikoj-ne-gi-ochekuvashe-04.jpg

Гвен Стефани и Гавин Росдејл

Во 2002-ра година се венчаа Гвен Стефани и Гавин Росдејл и изгледаа навистина среќно. Но, веројатно зад затворени врати нештата не биле најдобри – Гавин ја изневери пејачката со нивната дадилка.

Тие се разделија во 2016-та, после 13 години поминати заедно.

andzhelina-dzholi-i-bred-pit-10-slavni-razvodi-shto-nikoj-ne-gi-ochekuvashe-05.jpg

Кортни Кокс и Дејвид Аркет

Слично како Гвен и Гавин, Кортни и Дејвид се разведоа после 13 години брак. Тие се венчаа во 1999-та, а во 2010-та беа разделени на краток период. Тогаш јавноста помисли дека можеби ги решиле проблемите, но во 2013-та сепак се разведоа.

andzhelina-dzholi-i-bred-pit-10-slavni-razvodi-shto-nikoj-ne-gi-ochekuvashe-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg