Криси Тајген отворено за проблемот со доењето: „Знаеме дека мајчиното млеко е најдобро, но и адаптираното млеко е во ред“
- Детали
- понеделник, 30 ноември 2020
Криси Тајген откри дека имала проблеми со доењето, нешто што им се случува на многу мајки, па сега сака да го нормализира хранењето на доенчињата со адаптирано млеко (формула).
Имено, 34-годишната Криси имала проблеми со доењето откако ги родила Луна и Мајлс, па се чувствувала ужасно и засрамено бидејќи морала да ги храни и со адаптирано млеко.
„Прекрасно е што се нормализира доењето. Но, се чувствував многу позасрамено бидејќи морав да користам формула поради недостаток од млеко предизвикан од депресија и слично“, напиша Криси на Twitter.
„Луѓето користат сурогат мајки, жените имаат проблеми со доењето, а секоја нова мајка со анксиозност слуша како доењето е најдоброто нешто“.
Експертите навистина сметаат дека доењето е многу подобро за новороденчињата отколку хранењето со формула, но проблемот е што многу жени немаат доволно млеко за нивните деца. Во овие моменти, многу од нив чувствуваат вина што мораат да ги дохрануваат нивните малечки и со формула.
„Одлично е да се нормализира доењето. Одлично е да се нормализира и хранењето со формула!“
„Се сеќавам дека многу често користев пумпа бидејќи не верував дека децата ќе добијат доволно млеко само ако ги дојам. Ова ме полудуваше и со пумпање успевав да добијам едвај 30 милилитри! Стресот од целата ситуација, во комбинација со вината бидејќи не можете да го направите најубавото природно нешто е премногу. Се сеќавам на тагата што ја чувствував и сакам да знаете дека штом вашето дете е нахрането, сте завршиле одлична работа“, вели Криси.
normalize breastfeeding is such a huge, wonderful thing. but I absolutely felt way more shame having to use formula because of lack of milk from depression and whatnot.
— chrissy teigen (@chrissyteigen) November 29, 2020
Криси добила лавина позитивни коментари од мајки кои се наоѓаат во иста положба:
„Нормализирајте го мајчинството. Ние жените сме осудувани за буквално секој избор што го правиме како мајки. Секој единствен избор“.
„Нормално е да се критикуваат мајките кои хранат со формула. Но, некои деца не примаат доволно храна од доењето, без разлика што мајката прави сè како што треба. Сум гледала и мајки со разранети и отечени дојки, кои сепак биле критикувани бидејќи одлучиле да направат пауза од доењето. Користењето формула не е нездраво“.
Криси се соочила и со негативни коментари, па објави уште еден твит:
„Целта не е да докажеме дека мајчиното млеко е најдобро. Веќе го знаеме тоа. Целта е да докажеме дека и користењето формула може да биде во ред“.
Низ годините, Криси отворено зборуваше за нејзините проблеми со плодноста, обидувајќи се да ги нормализира и нив. Таа го сподели нејзиното искуство со вештачкото оплодување, постпородилната депресија, но и спонтаниот абортус поради кој го изгуби синот Џек.
Спирова С. | Црнобело