Нова љубов, планови за селење во друга држава - што прават Бред Пит и Анџелина Џоли после разделбата?
- Детали
- недела, 25 октомври 2020
Бред Пит и Анџелина Џоли беа заедно 12 години, но и нивниот брак заврши со развод.
Додека беа заедно тие оформија огромно семејство – Џоли веќе имаше посвоено едно дете, а заедно посвоија уште две. Потоа ја добија биолошката ќерка, а околу две години подоцна добија и близнаци.
Тие ја започнаа врската околу 2005-та – според гласините, додека Бред уште беше со Џенифер Анистон. Се венчаа официјално во 2014-та, но се разделија само две години подоцна.
Но, што се случува/ше во животите на Пит и Џоли после разделбата?
Заедно се грижат за децата
Битката за старателство на Бред и Анџелина траеше многу долго. Во ноември 2018-та успеаја да направат договор, па сега имаат заедничко старателство над децата.
Бред Пит се појави во Once Upon A Time in Hollywood
Бред продолжи со глумењето и после разделбата, а најзначајната улога му беше онаа во хитот на Тарантино – Once Upon a Time in Hollywood. Тој се појави и во уште еден филм од 2019-та – Ad Astra.
Анџелина седна на режисерското столче
Покрај глумата, и Бред и Анџелина се имаат покажано како продуценти и режисери, а после разделбата, Џоли повторно седна на режисерското столче.
Таа го направи филмот First They Killed My Father, кој ја раскажува приказната за 5-годишно момче од Камбоџа кое е присилено да стане дете војник. Филмот освои неколку награди.
Бред Пит се гледа со други жени
Последните три врски на актерот, со Гвинет Палтроу, Џенифер Анистон и Анџелина Џоли, беа сериозни, па наводно, тој сега само сакал да се забавува. Моментално тој е во врска со Никол Потуралски, која е многу помлада од него и има 27 години.
Актерот се појави на 50-иот роденден на Џенифер Анистон
Фановите вечно ќе навиваат за Бред и Џенифер, а гласините за нивното смирување се разгорија најмногу за 50-иот роденден на актерката, кога Бред ѝ отиде на гости. Како еден од повпечатливите моменти е и оној кога имаа краток, емотивен момент на доделување награди.