Има само 20 години, а веќе ја вбројуваат во најубавите жени во Шпанија (фото)
- Детали
- понеделник, 14 септември 2020
Естер Експозито (Ester Expósito) е шпанска актерка и модел која публиката најдобро ја запозна преку нејзината улога во популарната тинејџерска серија Elite во продукција на Нетфликс.
На 26 јануари таа наполни 20 години, а веќе има завидна кариера. Ја вбројуваат во најубавите жени во Шпанија, а нејзиното последно појавување на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција ги остави сите без зборови.
Актерката беше во врска со Алваро Рико, кој исто така глумеше во Elite во улогата на Појо. Во моментов ја поврзуваат со 25-годишниот мексикански актер Алехандро Спејсер кој глумеше во ТВ серијата Dark Desire.
Естер и Алехандро заедно глумат во новата трилер серија на Нетфликс, Someone Has to Die (Alguien tiene que morir) чија премиера се очекува на 16 октомври.
Дали младата Естер е навистина една од најубавите жени во Шпанија, пресудете самите:
https://www.instagram.com/p/CD6i6rFidd8/
https://www.instagram.com/p/B91_M5tKaDa/