„Се збогуваме после 14 години“ – Ким Kaрдашијан соопшти дека завршува шоуто „Keeping Up with the Kardashians“
И Клои ги сподели вестите на Instagram со слична објава, на која се „потпишани“ Крис, Кортни, Ким, Клои, Роб, Кендал, Кајли и Скот. Интересно е што во нејзината објава не е спомната Кејтлин Џенер.
Додека шоуто беше вистински хит, последниве неколку години се соочуваше со многу лош рејтинг. На пример, во април годинава тие имаа многу мала гледаност – една епизода ја гледале едвај 800.000 луѓе. За споредба, во најдобрите денови, шоуто го следеа над 10 милиони гледачи.
Јасно е дека шоуто најмногу се прослави после секс снимката на Ким. Компанијата за порно филмови Vivid Entertainment ги купи правата за снимката за 1 милион долари, Ким ги тужеше, а според информациите компанијата, ѝ исплатила 5 милиони. Целата збрка околу снимката го насочи вниманието кон Ким и нејзиното семејство, па нивните кариери тргнаа во нагорна линија.
Интересно е што додека гледаноста на шоуто опаѓаше, сестрите ги освојуваа социјалните мрежи, па донекаде е јасно и зошто решиле да прекинат со снимање. Денес, заедно, членовите на кланот имаат речиси 800 милиони следбеници на Instagram, па сигурно не им треба и ријалити шоу.
Спирова С. | Црнобело